Јас голфот го купив во Оснабрук со 240 000км, 1.9тид 2008год го товарив колку и максимум од пропишаното, назад гас до патос не го изгасив до дома, сега има 270 000 и ќе оди за некој ден на втора регистрација не троши грам уље, во саботата му мењав гуми проверуваа предница и се е како што треба, незнам што сте толку скептици околу километрите, не се овие коли 101 или југо па да треба ремонт на 30 000км... Саше91 го знае пасатот, на тахо има 160 000км, 2011год е, па ќе изоди уште 200 000 сигурно... колега мој купи од холандија голф 5ка со фул опрема на 320 000км 2006 или 7ма беше не сум сигурен го врати на 120 000км, колата возеше толку добро како навистина да има километража околу 100 000км... Јас би земал Е класа со 300 000км доколку е возена и одржувана во германија, ако не сврти до 500 000км без ремонт и на 500 000 на технички кажат дека е во лоша состојба ќе го залапам боки 13 на сред плоштад