Rover 75?
Ровер неќам да видам во животот а не камоли да купам. Пред 6-7 години имавме ровер 620, најголемо ср**е на светот.
Реално комбинацијата моментално е "малце поново но помало" (гранде пунто, стило, ибица) или нешто "малце постаро но поголемо" (307, мондео, вектра, кордоба).
Во принцип исто ми се допаѓаат многу и ц4, меганче и ете 147. Поминав машала време разгледувајќи (повеќето на огласи и слично) и се ми се чини дека изборот ќе се сведе на барање добар примерок и можеби добра прилика а не на марка. Во принцип за тие пари и не може многу многу да се пребира така да не летам многу со умот.
Кога сум кај ц4 и меганот, какво мислење имате за нив и за нивната според други скапа цена за одржавање(значи не толку редовен сервис, колку скраја да е нешто да се расипе, а кај стара кола кога-тогаш мора да се расипе нешто).