Автор Тема: Зезанција со шалтањето  (Прочитано 2894 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Зезанција со шалтањето
« на: 24 Август 2014, 01:27:42 am »
Се работи за старата шкода, моторот беше изваден за ламела сет и откако го вратив, се појави проблем со шалтањето.Во прва и трета е непрецизен ,тешко влегува и тешко излегува. Се случува и при шалтање да не прими брзина...
Втора, четврта и рикверц се одлични како и пред тоа...
Пробав на рачката од шалтерот полево подесно (пошто е подесив) ама резлутат нема...

Во што да барам? Што може така да се зезне одеднаш „од ништо“ и тоа само во 1 и 3та?

п.с. не ми е прв пат да вадам мотор на колава никогаш немало проблем никаков....
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #1 на: 24 Август 2014, 01:40:38 am »
 шалтерот на шкода е подесив и напред-назад не само лево десно... олабави ги штрафовите и мрдни го малку нанапред шалтерот, да се ослободи и кај тие брзини...

ако не успееш во тоа, металната полуга одоздола што иде, со гумениот дел што е, на штрафовите олабави го или кај што си јапуштал таа шипка, олабави ги штрафовите, тури го мењачот рачно одоздола во трета брзина и тука стегни ги штрафовите... тоа би требало да ти помогне... ке направи мало поместување на самиот шалтер-пренос... тука подесувањето се мери во милиметри...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #2 на: 24 Август 2014, 01:54:21 am »
сакам да кажам напред назад... лево десно во однос на тоа како бев скукален пред седиште :P
Нема движење лево десно горе на бирачот, сamo напред назад како што рече...
...пробував секако, мењачот останува таков

Фактички, цевката што оди од шалтер до мењач? Таа е дводелна и со гумена спојка... од тука да откачам?
Се плашам нешто да не поместив во собирањето па па целиот мотор да е избеган (пр.) пола сантим на лево-десно, пошто штрафовите на кои прицврстува носачот  поприлично непрецизно налегнуваат...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #3 на: 24 Август 2014, 02:17:46 am »
тоа тоа.. тоа и јас ти зборам.. почни прво со цевката и гумениот дел. нив олабави ги-не ги вади скроз, туку само олабави ги онака да клапаат на штрафови, тртни го мењачот во трета брзина (исто и шалтерот), види убаво во кој правец се затегаат, дополнително запни ги и ти преку шалтерот, нај убаво е да имаш уште еден човек што ке го држи шалтерот-рачката од мењачот бутната накај 3-та додека ги стегаш штравчињата... ако тоа не успее, повтори ја постапката ама овој пат со држачите од мењачот и моторот...


и кај ја најде шкодава бе?

дали знаеш ти одкога се спремам еден проект да направам со таква шкода... ми се има увртено во глава, на тој мењач, со плочка-адаптер да му сместам машина од 2000цц или поголема... на таа шкода со тој мењач и тој редуктор, бидејки е задна влеча, дали си свесен што ке прави колата? од што ке корне, ке неможам да ми најдам соодветни гуми (бандажи) за да има подобро лепење на старт...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #4 на: 24 Август 2014, 19:30:56 pm »
да прашам и јас нешто ако знае некој да одговори. .
кај мене кога ставам во рикверц знае понекогаш да крчи менјачот,,значи понекога,не секогаш
дали е тоа до непритиснат кумплуг до крај,мењач или е некаков знак за некој друг проблем

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #5 на: 24 Август 2014, 19:40:12 pm »
si bara rikvercot malce povekje tintarenje za da vleze glatko kako sto treba
obrtaite mora da ti se na kolku sto treba ~900
kumplung mora skros do kraj,patosnica od 3mm moze da mu smeta i da ne e skros do kraj
poleka so salterot da go namestis i da go buvnes u rikverc
ali koj ima vreme za seto toa :D

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #6 на: 24 Август 2014, 19:57:55 pm »
значи ништо страшно тогаш
чат пат знае така да направи и ме нервира :D

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #7 на: 24 Август 2014, 20:07:53 pm »
Според мене, најчесто е тоа што го кажа Смичка. А најретко е случај да е некаков механички проблем во менувачот. Така да, види со патосницата, притисни го до крај кумплунгот (можеби и два пати ако ти крчи често), потоа полека уфрли во рикверц, не на сила.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #8 на: 24 Август 2014, 21:16:02 pm »
Ако ти е колата со хидрауличен куплунг пробај испушти воздух од системот,многу пати знае тоа да е проблем за брзината во рикверц.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #9 на: 24 Август 2014, 23:30:11 pm »
Пред да убациш во рикверц, стави ја во прва брзина па после рикверц
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #10 на: 25 Август 2014, 00:34:32 am »
Така прави и од потрошена ламела и потисна... кога имаш менето?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #11 на: 25 Август 2014, 00:51:48 am »
Можно е да и од потрошена и оштетена потисна.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Зезанција со шалтањето
« Одговори #12 на: 25 Август 2014, 21:01:52 pm »
За што кола се работи? Дај подеси си кумплуг (и хидрауличните имаат подесувања) на сајлата. Ако не бива штеловање, потерај уште 5000 и ќе јави само за потисна...
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!