Фаланга знам дека е проклето од моја страна,ама ако гледаш дека човеков многу се нервира и губи мерак на колава советувај го да го продаде само да се спаси од овие маки.
Ако се реши да направи такво нешто одма сподели тука на форумов,јас најискрено сум спремен да му помогнам и да го спасам од макиве човеков.
Ако е упорен нека им го однесе во Аутомотив и нека им каже да не му го враќаат дур не го направат!
Бушав другарче, нема тука проклето непроклето. Затоа и ја отворив темава ако некој има некоја трага кон наоѓање на решение за проблемов да сподели па да пренесам. Не сум јас некој Месаја да спасувам некого од маки, можам само да се обидам да пренесам информација.
Башка човеков ми е комшија, не се знам премногу со него. Бевме најдобри другари во детството ама тие се преселија и така се растури калимерата, сега сме онака само расположени а не сме многу блиски. Се гледаме скоро секое сабајле пред зграда и правиме муабет лаф-два. Ќе му пренесам за контактот што ми го даде Прчот па што сака нека прави. Малце е табиетлија и има некои чудни филозофии. Не му се мешам. Слушнал пофални зборови за колава и ја купил и сега нека си тера, секој со својата среќа нели?
Што се однесува до мене тоа е. Па ќе видиме што ќе испадне, ќе известам.