Не бива, му се јавив пред некој ден и ми рече дека растурил 3 пунтовци у меѓувреме ама сите биле S верзија. А ко за беља па сега некоја сијалица цркнала у шалтаблава кај мене па сеа само пола свети а пола не свети (баш левата страна не свети кај што е сказалката за гориво и пола брзиномер до 100 км/х, само саатов мувлосан остана со светло и едвај се гледа ноќе колку оди колава). Може да се најде посебно сијалица или мора да се мења шалтаблата? Оти ако мора цела да се мења богами немам намера иста ваква да ставам, пошо ете баш годинава бев на подолги вожњи по автопат и шубе ми е да немам сказалка за температура на разладна течност кога треба да возам подолго зашто знае да тече антифриз на моменти. Да почекам уште некое време па да видам што ќе бидне од работава...