Автор Тема: M14 x 1.5 штраф за тркало  (Прочитано 1890 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
M14 x 1.5 штраф за тркало
« на: 04 Август 2014, 17:59:55 pm »
Здраво

Се работи за Рено Меган 2003-та.

Едниот штраф и внатрешен навој на предно десно тркало е разјаден, и имам две опции.

- стара главина од Струга, и нов лагер (7-8000 ден во најдобар случај)
- режење на постоечката главина (добош, не знам како се вика) со М14 навој, чекор 1.5мм (2000ден најлош случај)

Што е проблемот?

Нема штрафови во продавниците за авто делови да се продавват а камоли да најдам некој со специфична големина.
На интернет гледам, и очигледно таков штраф постои, неверојатно.

Е сега во Битола 90% од продавниците ги поминав нигде нема, па ако некој знае каде што сигурно имаат штрафови во продавницата,
било каде низ Македонија, или случајно дома му се наоѓа па да не му треба ќе му бидам многу благодарен.
Бројче од телефон, адреса било што каде што се сомневате дека има фрлајте тука.

Точно ми треба, M14 x 1.5mm со глава од 19mm tapered (должина на штраф 52mm, со навој од 23/24мм)
Ваков (очигледно комбињата користат ваква димензија)

Утре сабајле расклопувам на мајстор и режам, е сега замислете без штраф да останам.  :-\

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: M14 x 1.5 штраф за тркало
« Одговори #1 на: 04 Август 2014, 20:45:45 pm »
Да ти побара некој што живее во близина на Чаир, во Автолидер, имаат доста избор на штрафови, но не знам дали конкретниот што го бараш. Бев пред некој ден и јас да барам таму, имам само слика од штравови m12 x 1.5, но сигурен сум дека имаше и други.

Поздрав!

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: M14 x 1.5 штраф за тркало
« Одговори #2 на: 04 Август 2014, 21:10:35 pm »
Фала многу другар утре сабајле сигурно му се јавувам да прашам,
а ако има и некој друг што знае на друго место нека пиши.

Гуглам и гледам Citroen Dispatch користи вакви штрафови каков што ми треба, а малце подолги Volvo S60/S80.
Febi Bilstein Wheel Bolt Part Number: 12707

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: M14 x 1.5 штраф за тркало
« Одговори #3 на: 04 Август 2014, 21:16:58 pm »
Мислам дека нема да има проблеми и со 3 шрафа да возиш, додека не најдеш тоа што ти треба. И онака тркалото целосно се потпира на самата главина, шрафовите само го затегаат.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: M14 x 1.5 штраф за тркало
« Одговори #4 на: 04 Август 2014, 21:25:04 pm »
Веќе ги направив 400km на 3 штрафа, и страв ме фаќа на нашите улици,
секогаш кога ќе ми затреси од дупките ми се чини пред мене ќе излези.
Не можам да се нафатам подалеку да појдам.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: M14 x 1.5 штраф за тркало
« Одговори #5 на: 05 Август 2014, 15:01:35 pm »
Прво денеска ќе побара по штрафариве, успат ми се... Втроро, на дребонг не може да се направи навој? Има едни шипки долги по 1м има различни големини, има мислам и м14, па да си ја секниш према потреба, а наместо она кај што фаќаш со клуч да ставиш завртка (проширена) од шкода на пример и да ја швајцниш. Такци имам, ако ти требаат ќе ти пратам

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: M14 x 1.5 штраф за тркало
« Одговори #6 на: 05 Август 2014, 15:36:45 pm »
Фала многу, се јавив веќе и имале во Автолидер.
Ама испадна поинаку работата, се договорив во 9 сатот да ми ја извадат главината сосе рукавец како што го викаат тие,
и до 12 часот кога се реше мајсторот да ја вади можи го мрзеше некако да ја вади на земја со помош на рачна дигалка,
со цел да не му ја држам она големата за цела кола неколку сати, што и мене не ми се исплаќа, па ми вика арно е со навојот,
убав е ми вика, е ај му викам ќе видиш не стега туку шлајфува, и кога го врате тркалото ми заеба еден постоечки здрав штраф.

Тоа навојот држи при крајот арен е на два три последни навои, ама пошто има растојание помеѓу бандажот и главината,
тие навои си стојата така, и после две недели тормозење се откажав, си купив два М12 штрафови за 2-3 мм подолги се
и го стегнав еден на тој разјадениот откако го поминав на дребонг, и сега така мислам да возам, па ко ќе поминувам
накај Струга деновиве ќе си побарам по тие отпадите цел рукавец сосе лагер, па кога ќе му дојди времето ќе му го бапнам на кола.