Ајде момци мала помош од вас... ако имал некој сличен проблем или ист ко мојов кажувајте чаре...
тргнав на пат со исправна кола за албанија. некаде на влез пред албанија т.е на излез од грција почнав да слушам некое крцкање напред у предница, што се случува - при вртење на воланот независно лево или десно се појавува звукот. истиот звук го имам и додека возам и додека е во место колата дали на мала ил голема брзина истото се случува, уште по чудно ми е што звукот се појавува и на дупки и на легнати полицајци, - стигнав до албанија и си викам ај ке видам што се случува утре пошто од скопје до саранда возев без ниедна пауза ( освен по 15тина минути на границите) но возев планински пат и со многу кривини. Нареден ден седнувам у кола возам НЕМА крцкање.... - после неколку дена возам малку поголема релација (околу 10тина километра) звукот ПОВТОРНО се појавува.
Се мислев да не е случајно зглоб но ме буни крцкањето кога вртам во место и посебно на легнати полицајци, да беше зхлоб ке крцкаше само на вртење додека не се исправи воланот...
п.с на право немам крцкање :\
Ја прочитав темата за крцкањето на рено во предница и проблемор ми изгледа сличен а во таа тема ги наредивте сите можни делови во предница, утре мислам да ја возам малце подолго колата да почне крцкањето па ке се обидам и да ставам клип.
инаку се рабоди за ланчија ипсилон - моторот и подвозјето се комплетно исти како на фиат пунто
Ме мачи што тука ми се случи ова - да бев во македонија ке ја однесев на мајстор и ке се разберев некако тука со овие тешка работа ке биде а треба да возам скоро 600 километра до скопје.