Во секој случак има некои правила што сите возачи на 2 тркала треба да ги знаат:
1. Во случај на судир ТИ СЕКОГАШ го јадеш, затоа ти треба да внимаваш, а не да чекаш другите да внимаваат на тебе
2. Моторот секогаш кочи подолго од кола
3. Песок, уље, вода во кривина се знае како се завршува ...... затоа освен ако не си сигурен колку е чист патот, полека во кривина
4. Мотор е за возење, не за курчење и плашење луѓе (со турирање гас во лер)
Познати ми се сите овие факти ...
1 Нормално, според физиката
2 Нема да возиш брзо ... брзината според условите на патот
3 Во кривина се намалува, барем така не учеа во авто школа
4 не знам од каде ти идеја дека со скутерче ке плашам луѓе, чисто ке ми служи како превозно средство до чаршија, на кафе, до кај другар ...
За ситни релации, на кои не ми се вози гољфот од X причини, почна да се наплаќа паркинг У Кумановото, навечер е мака да се паркираш, помала потрошувачка у време каде што цената на горивото ке иде само нагоре, нема чекање во шпиц ...
исто ке ме чини да ставам плин на гољфот ?! со половно скутерче ..
Томи тоа беше за сите видови на 2 тркала ... скутери, мотори. Инаку сум видел како плашат луѓе и овие со Априлии, ќе им стават некој побучен ауспух, башка 2 тактна машина ...
Инаку како што ти потврди и Рики, на страна тие што лажат со протрошувачка, нема 2 тактна машина што троши помалку од 4 литри, така да кога ке споредиш, кола на плин, или дизел со 2 тактен скутер, најмногу во ќар ќе бидеш со заштедено време.
Од тука е и советот ако сакаш да си вметнеш како опција, кинеско скутерче (некој бренд само, бидејќи и кај нив има фирма и фирма) тие се 4 тактни (немој ни да помислуваш 2 тактен, во тој случај само не-кинески бренд) трошат 2 на 100, и се нешто најефтино за одржување, делови има колку сакаш. Како ќе те служи, зависи како ќе го возиш.
За 1500 евра имаш многу опции, тоа во денешно време се доста пари за скутер, освен италијанскиве марки можам најодговорно да ти го препорачан Кимко, нема мајстор што нема пофални зборови за него.
Ако нешто дополнително те интересира, пиши