Автор Тема: Совет за Audi A3 2004-2006  (Прочитано 1819 пати)

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Совет за Audi A3 2004-2006
« на: 11 Јули 2014, 09:05:02 am »
Здраво форумџии, веќе некое време го читам форумов и заради одличните совети/информации кои ги давате се решив да се зачленам и да ве прашам за совет/мислење...Ги прочитав скоро сите теми за А3 ама не најдов баш тоа што ме интересира.

Решен сум летово да ја сменам моменталната кола со некое компакт возило и најмногу ќеиф ми прави Ауди А3 за тие пари што мислам да ги потрошам.

Решен сум дека ги сакам верзиите од 2004 па нагоре, едноставно убав лик ми имаат, и евентуално сакам да е со 3 врати, но тоа не е приоритет.

Главниот проблем ми е кој мотор се покажал како најдобар, гледам дека многу луѓе по форуми се жалат за 2.0TDI моторот во 2004,2005 генерациите.Јас се мислев за тој мотор бидејќи е со 140HP но сега не сум сигурен.Дали би било подобро да се оди со 1.9TDI (105HP) па да му се направи ремап до 130-140HP или тоа не е можна/препорачлива варијанта?

Спремен сум да потрошам од 6000 до максимум 7500-8000 евра за одличен примерок, по можност S-Line, па според ова дали се наоѓа нешто сочувано кај нас, или да ги избегнувам понудите што се од увезениве коли од Италија,Бугарија итн. Евентуално ако се најде некоја од Порше купена, ама не сретнав ниедна таква.

Крајна опција би ми била да одам до Германија (имам познат човек таму) , но би сакал ако е можно да се најде тука нешто да одбегнам непотребни трошоци и малтретирање.

Што е вашето мислење и препорака?