Гледам Форд фокус 1.8 ТДЦи и ептен ми прави мерак како кола,е сега читав по форумов а и се распрашав по луѓе и ми потврдија дека имале проблеми со корозија и на тоа да обрнам внимание,инаку како коли биле топ во смисла на потрошња,комфорт,одржување а и деловите им биле многу ефтини,но ги биело лош глас(слично како алфите) е сега гледав 206-ки и Клио има голем избор кај нас,за нив ми рекоа да ги избегнам во случај ако најдам Форд поради скапите делови,за разлика од французиве кај нас изборот на Фокуси е поограничен,додека пак во Бугарија гледав има доста голем избор и најскапата таму е дупло поефтина од овие што се продаваат кај нас и правев пресметки и ако би купил од таму би поминал околу 200-300 евра поефтино,НО сите знаеме за ризикот,преварите,и колку човек може да се зезне ако зема од БГ.Така да што ме советувате вие?И ако може вие што се разбирате да пишете мислења за оваа кола и на што да обрнам внимание кога ја гледам во живо,исто така дали да земам мајстор со мене кога гледам или пак ке ми завршат работа и блиски пријатели кои се разбираат во автомобили? и ако можете да ми дадете некоја понуда од оглас од нет како пример за кои возила да се јавам или да одам да ги видам,знам дека не е возможно но како по оглас да приметам која кола вреди да оди да се види,бидејки ке се утепам од пари давање само за по автоплацеви.