Сум имал и сум возел навистина многу коли, секакви. Ниту една досега не предизвикувала кај мене такви чувства како оваа. Секое возење и секој момент поминат во неа и со неа си го памтам. Како што и на почетокот на темава напишав, после само неколку дена откако дојде во мои раце, "Извонредна, импресивна, моќна, феноменална кола со неописливо задоволство во возењето". Ете баш таква е, постојано. Ремек дело. Жива легенда.
Ја купив, ја имав, ја чував и ја возев со голем мерак и големо внимание и ми е драго што ми се исполни и желбата да ја купи човек кој, по мое мислење, ќе се грижи за неа еднакво како јас, па дури и подобро.
Ја сакав, ја сакам и ќе ја сакам со срце.