onak живее во зграда во која има 3 кладилници и 2 кафичи. сите имаат тераси со маси и еден куп телевизори, сите пуштени до даска. на онак магацинот му е до релативно голем ресторант кој се вика СПОРТСКА ГОСТИЛНИЦА... онак гледа што се случува, и тоа го пренесува на форумов. онак не тресе од памет и не замислува ништо, освен замисленото вистинско дружење, кое периодов го нема.
сите (скоро) сте паднати во колективен транс. 20 будали трчаат по 1 топка, и уште 2-ца будали седат под буквата П и пазат таму да не им кидне топката... а луѓево трансовидно сето тоа БУДНО го следат, трошат пари на коцкање, пцујат, викаат, се дерат, пукаат петарди се радуваат и кршат гледајки го тоа.. успат многу пиво се лока а и алкохол, а од дружење со друштвото нема ни Д...