И еве сега како што носи редот, со мало закаснување од оправдани причини (ми се роди ќерка, да е жива и здрава) да напишам некој збор повеќе за мојата миленица.
Мотор: 2,4 Jtdm 129kw/175Ks / 330/1750 Nm / 4000 rpm.
Прва регистрација : 25.01.2005 год купена од италијанска фирма што произведува машини за кроење на дрвени материјали (го знам тоа од сообраќајната, ја пишува фирмата па потоа гуглав малку) цел работен век го поминала кај нив, што автоматски значи дека ја купив од прв газда
.
Поминати километри : 189.000
Опрема : Кожен ентериер, ксенон светла, навигација (која за жал во нашиот дел под небото не функционира), оригинален автокасетофон
, CD менувач, сензор за дожд, вграден телефон, самозатемнувачки внатрешен ретровизор, електрично склопиви надворешни ретровизори, ESP/ASR/ABS ...
Тркала : Алуминиумски 6.5J X 16 (не се оригинални, резервниот е 7,5J x 17 како кај Симо) бандажи со Мишелин Пилот Спорт 3 нови гуми
Еве и некое сликче
Досега имам променето масло Liqui Moly Toptec 4100 5w40, сите филтри и задни плочки
Наскоро следува чистење на усисната грана, највероватно никогаш не е правено зошто е многу валкана (го извадив Егр вентилот затоа знам) и по малку испушта црн чад од ауспухот на забрзување.