Денес возев Peugeot 301 , што е во суштина истата кола со citroen-ов освен разлика по предната маска ( што мене лично ми е по привлечна и кога би купивал ваков автомобил тоа би бил peugeot-от.... )
Јас го тестирав средното ниво на опрема што е 12000е за 1.6hdi моторот , но доколку некој купува ваков автомобил пепорачувам највисоко ниво на опрема поради малата разлика во цена ( 1000е ) а притоа има доста повеќе работи...
Мотор: Снагата ме изненади поради големината на автомобилот , лично поседувам 1.4хди во Ц3 но ова и покрај тоа што е многу поголемо се осеќаше доста добар моторот и се носеше без проблем со каросеријата ( дури подобро и од 308 со истот мотор ) 92 којски сили супер ја вршат работата а доколку се чипува машината тоа би било добитна комбинација.... пошто лично над 2000-2500рпм во град не осетив дека имам потреба да го турирам моторот ( мада силата му доага баш тогаш...над 2500 ) потрошња на тест возилото беше 6.4 но со оглед на тоа што кој стаса го вози е во ред...реално се симнува до 6л, исто така можам да го пофалам моторот во однос на тоа што буквално не се слуша како работи внатре во кабината....мењачок кочниците и остали ствари се многу слични како мојот цитроен и можам да кажам дека добро ми легнаа во однос на тоа што веќе сум навикнат на таков автомобилл.... но со одредена подобреност во однос на сите овие работи
Простор и комфор и квалитет на изработка и опрема - Во однос на оваа категорија , значи автомобилот е дефинитивно победик , на задната клупа има простор повеке од доволно ( повеќе од 308 ) и може да се мери со автомобили што се 1-2 класи над него во однос на просторност , обликот на возачкото седиште ми се многу свигаше и буквално бев како створен за него многу природна и добра положба имаше според мене.... одредени крцкања и слично исто така не осетив и покрај тоа што возев без музика , во однос на квалитетот на изработка сум задволен .... немаше крцкање како што кажав а притоа пластиките на допир и не ми изглдеаа толку многу ефтино .... единствено не ми се свига што командите за електрика на прозорите не се на вратите него под централната конзола кај менувачот .... но ќе напоменам уште еднаш... доколку се зема овој автомобил само во највисоко ниво на опрема( ALLURE или ЕXCLUSIVE ) бидејки има одредени надворешни лајсни што ја прават колата како да е од повисока класа...ал.бандаши , автоматска клима, наслон за рака , паркинг сензори ... и останати ситници што ја комплетираат... исто така .... автомобилот има можност за double din радио...и доколу би ја имал би ставил такво радио до екран на допир и остали ствари што не кошта повеќе од 300е а притоа ќе го многу збогати целовкупниот впечаток за автомобилот