Луѓе! Баталете ценовник. Значи се оди се прави муабет, пакети, макети, гратис ова, ќе се договориме, има на лагер-нема на лагер. Значи цената во ценовник е чисто ориентационо ставена. Различно е од салон до салон, а во Мида се многу разговорливи така да се оди на лице место исклучиво!
така си е...
ја коа ја зимав астрата, со мојата опрема, од 13.500 на 11.600 ја симнав..
ај сега кажи дали ја ти ја симна цената во преговорите или имаше и некоја друга помош од страна?
без никаква помош... отидовме со стариот, редовна цена на основен модел беше 10.900 за него. ама ние сакавме бандажи, сакавме CD со MP3, сакавме металик боја, резервно тркало со стандард големина, борд компјутер итн итн... и уште некои ситници кои се вбројуваа во дополнителна опрема, иако се банални (пакет за пушачи, среден наслон за глава на задна клупа и слично)... редовна цена беше околу 13.500, али пред тоа... спремни со факти и понуди од претходните места кај шо глеавме, АВТО КУЌА и АУТОМАКЕДОНИЈА... отидовме ваму, кажавме, ваму за тие пари ни нудат тоа, тоа и тоа... вие што ќе дадете повеќе? ни дадоа попуст на металик, гратис едно, попуст на друго...и 15% попуст на прв сервис... идеш, се ценкаш...
а да, и ја чекавме неколку дена повеќе од договореното... и тука отиде нешто...