Автор Тема: Арамии на душата - КРИК за слобода!  (Прочитано 2094 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Арамии на душата - КРИК за слобода!
« на: 16 Март 2013, 03:13:09 am »
Чувството на револт гори во мојата душа! Ја чувствувам дланката на оние кои ме гушат во моето живеење, оние кои ми ја кратат нишката на моето постоење.

Политичките реклами траат со саати и тоа за една партија и за еден систем. Секое второ шоу е за квази политички експерти, пропаднати политичари, манипулатори и дегереници.

Си имав ветено себе си дека никогаш нема да пишувам за политика...но,се чувствувам заробен, поробен, покорен со подадена рака кон светлината на идеалот. Да, по ѓаволите сум идеалист, но не сум и наивен.
 


Со последните сили ќе се трудам да ја потресам менталната структура на ограничениот патријахален ум на секој Македонец, Албанец, Ром, Босанец, Влав...

Ќе викам, ќе се дерам...нема да знам за присебност и сталоженост! Преку кур ми е дојдено од сите вие погани политичари. Преку кур од Грујо и Бранко! Преку кур ми сте сите водители, Миленковци, Јанковци, Латаси, бурекојадачи, сеачи на магла,...

Ми ја скративте душата, ми го украдовте мирот! Ме оставивте гладен за спокој, ми ја уништувате иднината!Ме опкруживте со страв, со вашите прости размислувања, со неразумен национилизам, со фашистички идеи, со никаква толерација!

Поставивте триста споменици од ликови, да се изгубите во нив. Ме труете со кич, ме удирате со вашиот садистички бич, бичот на уцената, на безработицата, на парчето насушен леб.

Ја силувавте и религијата со вашите продадени свештеници, хедонисти и материјалисти.

Ја проколнавте земјата, го збудалевте народот, не претворивте во зомбија кои бараат начин да преживеат јадејќи ја душата на ближниот, со кодошење, со болни мисли и поделби.

Ништожните политички мрсулковци бројат лајкови кои сме ги дале за политичкиот опонент. Ни читаат статуси, рапортираат во базите...ја полнат црната книга на вмровските гревови.

Ми треба чист воздух, ми треба добра мисла, ми треба  добра иднина, ми треба среќно семејство.

Прибежиште како и секогаш ќе го барам во пацифистичките мисли на Ганди, Ајнштајн, Толстој...! Ќе се борам со пенкало и тастура - со пацифизам!

Никаков страв нема да ме покори пред вашите погани нозе, вашите гнасни умови и корумпирани души!

За на крај...

Ви посакувам брзо истребување и ајт УПМ!
Peace!

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Арамии на душата - КРИК за слобода!
« Одговори #1 на: 16 Март 2013, 03:15:39 am »
fuck it ! fuck politics

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8772
  • Пичлеме
« Последно менување: 16 Март 2013, 10:05:54 am Ipkisija Meskosa »

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Арамии на душата - КРИК за слобода!
« Одговори #3 на: 16 Март 2013, 11:06:11 am »
Carpathian for President !

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14163
Одг: Арамии на душата - КРИК за слобода!
« Одговори #4 на: 16 Март 2013, 12:01:41 pm »
Со ваков народ I don't want to be president! Сите си црнеат и плукаат по се што е ново и револуционерно. Потрес во нивните животи, фетиш за мрчење и никаква потреба за промени и револуција. Емпатија на 0 ниво.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Арамии на душата - КРИК за слобода!
« Одговори #5 на: 16 Март 2013, 12:05:18 pm »
За жал криков тешко дека ќе допре до некого. Нема револуционерен капацитет во државава, секој сака да игра на сигурно.

Одличен текст Алфиста ;D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2837
  • Слобода или смрт
Одг: Арамии на душата - КРИК за слобода!
« Одговори #6 на: 16 Март 2013, 12:08:50 pm »
За да постои револуција потребно е национално чувство и национално единство. Зарем мислите дека македонецот има барем едно од овие? Да имаше после 12 април 2012 ќе променеше нешто во Македонија. А како што гледаме се е исто.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4013
  • MadaFunker
Одг: Арамии на душата - КРИК за слобода!
« Одговори #7 на: 16 Март 2013, 12:10:35 pm »
New blood of old school

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8772
  • Пичлеме
Одг: Арамии на душата - КРИК за слобода!
« Одговори #8 на: 16 Март 2013, 12:23:57 pm »
Со ваков народ I don't want to be president! Сите си црнеат и плукаат по се што е ново и револуционерно. Потрес во нивните животи, фетиш за мрчење и никаква потреба за промени и револуција. Емпатија на 0 ниво.
Слушам зелени наочари почнала да дели власта. Сеното со кое ги рани овците наоколу да им изгледало како трева зелена, свежа...
Не можиш паметен со недозреани да бидиш.
Не мојш востание со подлизурковци да креваш.
Еден куп што носат беџ со Че Гевара и просераваат за револуции, кога ќе треба да излезат и гласно да се изјаснат, се кријаат ко пи*ки под кошули, со некои мизерни образложенија...