во сабота, 15-ти ноември, 6 месеци на Атанас. саатот ке го пишам утре, бидејки се организира, ке доаѓаат луѓе од други градови, комбинација со попови и останати “циркузи“... околу 14-15ч ке го пишам точниот саат и каде да доаѓаат луѓето кои се заинтересирани.. дали во плимонт или директно во камник...
https://www.facebook.com/groups/680168528704741/Во сабота, на 15-ти ноември, навршуваат 6 месеци откако нашиот клубски колега, но пред се добар другар и пријател Атанас не напушти засекогаш. 6 месеци неговите тркала не вртат, 6 месеци неговото дружење фали.6 месеци откако го нема ведриот дух, доброчудниот карактер, отворена душа за помош, широката насмевка на еден прерано згаснат живот. Како што и претходно пишав, ништо веке не е исто. Твоето празно место во клубот никој неможе целосно да го замени, онака као што ти би го возел.
во сабота, на градските гробишта во камник, ке има помен во негово име. Членовите на СОТО ке присуствуваат. Поканети се и останатите пријатели, да го посетиме неговиот вечен дом, и да му оддадеме почит.
почивај во мир пријателе, лесна ти земја другар...

понекогаш, кога сакаше да биде сериозен или свечен беше ваков:

ама таков беше само премал дел од времето... повекето го знаат како ваков:

сопственик на добро разработена фирма, со 15-тина вработени, еден куп странски соработници, а сепак облечен во работничко одело, и многу често работеше рамо до рамо со вработените, наместо да изиграва “газда“ како што би изигравале скоро сите г’зди... е тоа е моментот што го прави човекот голем. тоа е еден од доказите за неговото големо срце... затоа и никогаш нема да биде заборавен... затоа и ке остане голем и баш затоа неможам да прежалам што толку млад отиде на оној свет...
а еден помал круг на луѓе го знаат и како ваков:






