Автор Тема: BMW e46 320ci  (Прочитано 37446 пати)

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #150 на: 14 Октомври 2016, 10:26:05 am »
еден апдејт за сезона пролет/лето, досега најголем (во пари) во мојата кариера и тоа за краток период од 2 месеци, сменето е:

-предни и задни амортизери заедно со гумени штитници
-предни и задни дискови комплет со плочки и кабелчиња за индикатор за потрошеност
-задни спирали (после коментарот на кирилбмв утврдено дека една е скршена)
-предни стабилизатори
-гумици на балансштангла
-комплет предни виљушки со јабучици и буфери
-репарација на летва за волан
-манжетни на летва
-центрирање на предница
-хладњак
-црево за на вентил за воздух/бензин
-цевка за антифриз за греење
-цевка за антифриз во мотор
-капаче за резервоар за антифриз
-сензор за ниво на уље
-дихтунг за куќиште на филтер за уље
-цевка за уље кај филтерот
-редовен сервис за уље, филтер за уље
-филтер за полен
-пк каиши, мал и голем
-пластика за под брисачи на шофершајбна
-преден амблем на хауба
-платнени патосници
-четири летни гуми 225/45/17
-акумулатор
и како за финале трошокот и за регистрација.......УПМ, а сеуште не сум задоволен како треба да ми биде, следат уште неколку ситни козметички делчиња што треба да се заменат, како и барем две нови зимски гуми.

« Последно менување: 14 Октомври 2016, 10:57:20 am zvonkog »

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #151 на: 14 Октомври 2016, 11:01:20 am »
ке биде другар, полека се ке си средеш. овде бааги пари отишле, ама не се узалуд потрошени. како си ја гледаш и чуваш така и она ке те возе и ке те кефи. нели се осеќаш убаво кога ке си сменеш некој дел и си ја стегнеш како што треба? сега јесте удара на џеб(и тоа ептен те удрило овојпат сигурно), ама сети се дека има луѓе што фрлаат пари безвеза на коцка, кладилница, алкохол и др, а ти си вложил во СВОЈАТА кола. така треба секој да си ја гледа и одржува колата и нормално ке си ја возе цел век, браво. тури некое сликиче од колата, немора да е исперена за фотосесија :)

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #152 на: 14 Октомври 2016, 12:24:48 pm »
кажи ми што пари ја зема лајсната под брисачи и од каде?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #153 на: 14 Октомври 2016, 12:25:09 pm »
Машала....

Ме интересира што поправаше кај летвата и каде ја репарираше? Како си задоволен?

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #154 на: 14 Октомври 2016, 14:54:29 pm »
Звоне одличен сервис си направил, си потрошил некаде колку за половна е46ка :D искрено ова е листа на ствари што треба да се проверат секогаш кога ке се зема е46ка. 
Јас до сега сите што сум ги имал или сум менувал задни федери или биле сменети, исто така и дихтунг на кукиште за филтер, ( бар кај 6 цилинди бензин, за другиве незнам), и пластики на систем за ладење, буквално после 10 години почнуваат да се разградуваат :)

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #155 на: 14 Октомври 2016, 17:18:26 pm »
Создравје да се брмчи сега спремно за пат да не се мислиш тресело,чукало :)
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #156 на: 14 Октомври 2016, 22:17:18 pm »
кажи ми што пари ја зема лајсната под брисачи и од каде?
само за неа не сум ја запишал цената, а ја имам сметката некаде, отприлика 60-70 еур од бугарија, оригинал БМВ, нема заменска.

Машала....

Ме интересира што поправаше кај летвата и каде ја репарираше? Како си задоволен?

летвата ја правеше фербер, комплет чистење, замена на на семеринзи и полнење. за задоволен сега засега е ок, има година дена гаранција, па ќе видиме како ќе се понаша.

Звоне одличен сервис си направил, си потрошил некаде колку за половна е46ка :D искрено ова е листа на ствари што треба да се проверат секогаш кога ке се зема е46ка.  
Јас до сега сите што сум ги имал или сум менувал задни федери или биле сменети, исто така и дихтунг на кукиште за филтер, ( бар кај 6 цилинди бензин, за другиве незнам), и пластики на систем за ладење, буквално после 10 години почнуваат да се разградуваат :)

абе доста од работите долго време ги одлагав и сега му дојде моментот, едно по друго кога се растури се заменија непредвидени работи кои ги приметивме дека се отидени, особено за пластичните цевки за ладење, баш како што викаш, тие внатрешните прстени ги немаше, све разложено во антифризот.....ама тоа е, нешто мораше, нешто превентивно, сепак ја возам секој ден по патишта и морално беше да биде макс стегнато.

Создравје да се брмчи сега спремно за пат да не се мислиш тресело,чукало :)

мислам дека мене ќе ме чукне срце ако нешто пак се појави  ;D ;D ;D

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #157 на: 15 Октомври 2016, 18:32:38 pm »
Па богами после овој список и за да те чукне е ;D али недај боже да се појави :)
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #158 на: 15 Октомври 2016, 21:16:36 pm »
Браос. Вака се чува кола. Јас кога трошам пари на мојата ме караат дека многу скапо било, кујзнае ти каква војна водиш :)
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #159 на: 22 Мај 2018, 23:26:24 pm »
апдејт на темава

Оноа кога мајсторот ќе те откачи пошто имал 10 коли  ;D , а ти имаш слободно време, желба и трпение да го направиш.
Си решив денес сам да си ја сменам серво пумпата за волан.
После демонтажа на куќиште за филтер за воздух, демонтажа на перка за хладњак и капак за мотор одоздола, неколку маневри со отштрафување од доле и од горе, испуштање на атф-от и пумпата излезе.
Како и да е после неколку часа, се склопено, зачистено одозгора и воланот си пее.
Дојдено до заклучок дека ми требаат нови торксови  ;)




Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #160 на: 23 Мај 2018, 08:15:11 am »
Имам две нови зимски 205 55 r16 2017 произведени акоти бркаат работа возени 500 км 😁


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #161 на: 23 Мај 2018, 18:49:32 pm »
Браво Звоне , серво пумпата на е46  не е многу тешка за мењање, а дали мењаше казанчето и дали цревата се ок?

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #162 на: 23 Мај 2018, 19:41:00 pm »
фала друже........ги мењав лани тие, така да ок си се!

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #163 на: 29 Јули 2021, 15:35:49 pm »
Да не се заборавиме во темава, колата уште се вози активно!

Летвата за волан и репарацијата спомната погоре почна да тече после 9-10 месеци, не ја рекламирав пошто и онака мислам дека само ја приправи оној Фербер и до сега си ја возев со дотурање на атф, толку ме нервираше ама од пусто немање време или добро решение, се до сега за да и дојде редот.

Благодарение на daparto.com порачани делови од Германија на адреса кај другар, кој ги спушти надоле во Мкд:

- летва за волан
- сепаратор за маслени пари
- пумпа за течност за брисачи
- пумпа за прскалки за фарови
- 2 прскалки за фарови
- секундарна пумпа за прскалка за едниот фар



и плус тука, благодарение на @Prcot :

- надворешни спони (чим ќе се мења летва, мора комплет да биде)
- уље 7l
- атф 1л
- филтер за масло
- филтер за воздух



Пред неколку дена, земен и филтер за клима, регистрана со зелен картон, денес да се смени све ова од горе и да оди на центрирање. Ваљда доста за годинава  ;D

 
п.с. при увид одоздола, приметено дека малку масти на дихтунгот од картер, ќе се санира на следно менување на уље.
« Последно менување: 29 Јули 2021, 15:49:31 pm zvonkog »

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: BMW e46 320ci
« Одговори #164 на: 29 Јули 2021, 19:51:26 pm »
Sve super ama mnogu skupo auto.
Me zamisli sega da ne e moevo da prodavanje.
Gi listam spisocive sto si smenil. Ima li nesto sto nemas smeneto?

Megudrugoto imam i 21 god stara honda civic.
Ednas godisno registracija, redoven servis i toa e spisokot.
Aha, imam smeneto amortizeri, diskovi, 2xplocki i kais so zategac ednas.