Ги имам и двете, според мене со втората многу поубаво се пери.
I jas gi imam i dvete i mozam da kazam deka dvete e top
Фала и на двајцата, штом се добри зимам една обавезно.
А некоја препорака за восок, нешто налик оние во перална на водена што ги прскаат пред пребришување, има тоа некаков ефект бар до следно перење?
Јас си земав шампон со восок од Сонакс. Има убав ефект врз колата. Сега кога ке го потрошам сакам да земам од Мафра да го пробам.
Не сум за шампон, зошто перам со Мангуста - нанесена преку пеномат, со шампон перам доколку со ова претходно не искочи, па повеќе ми одговара некој течен - брз восок пред бришење.
@marchesk можеш да земеш од TW https://goo.gl/WJatfq. Јас го користам после секое перење шприцам и пребришувам и со редовно користење солидно држи, поготово кога се вози на отворено мушичките многу лесно се вадат.
Ќе го пробам, одлично ова со мушичкиве што го спомна, мака вадам додека се исчистат во лето - дури ни во перална со нивните вапови не излагаат.