Вчера си купив 1Л активна пења од KrisCar и денес веднаш на тест

Пошто претходно ја имам користено само Wash Self на Mafra, можам да кажам дека оваа се покажа многу подобро и секако јас повеќе задоволен
Со KrisCar нема потреба од употреба на сунѓер кога возилото е премногу испрљано, додека со Wash Self, морав да употребувам сунѓер, во спротивно еленската неколку пати морав да ја перам, пењата е многу погуста и подолго се задржува на возилото. Предност кај Wash Self е што има восок ефект, во друго тепа оваа од KrisCar.
Така да, оние што се мераклии како мене сами да си ги перат возилата, препорака од мене да ја пробаат оваа активна пења
