Земено од Морски мала количина на активен шампом за безконтакно перење, ќе видиме како ќе се покаже за перење без вап.
На интернет не можам да го најдам производот.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Денес перено е со горенаведениот шампон и со додаток за црево кој има повеќе опции за прскање т.е. има едно од нив кое има јак притисок на прскање.
Колата беше прљава целосно, не направив слики кога беше валкана.
Нанесувањето на шампонот со пумпица за прскање лозници, после две-три минути почнато со плакнење и завршено за едно пет минути.
Колата имаше едни ситни како црвчиња гомненца, некои ситни точки катран 98% се ивадија без трлање, остатокот со нешно трлање излегоа.
Откако завршив со плакнење приметив од едната страна од пола врата надолу има ептен ситна прашина не многу приметлива која не се симнала со млазот вода.
Колата само ја пребришав и толку, значи перењето беше безконтакно.
Задоволен од производот кој може да се користи без вап за безконтакно перење.
Стручњаците нека кажат дали шампонот може да го користат тие кој им се полирани, восоцирани возилата т.е. заштитата нема да им се симне при користење.