Да ви кажам зошто се исплаќа сам да одиш да бараш кола: долгогодишни фамилијарни пријатели пред 1 месец донесоа Голф 4 1.6 од Германија, напукан со опрема до максимум. Климатроник, темпомат, греачи, 117000 проверени таму на лице место, платен 2200 евра.
Сеа на гости ми беа го зедов да го провозам, и максимално сочуван беше. Давачки ги фатило 1200 евра заедно со регистрацијата и пат, без јадење и спиење, што е ОДЛИЧНА сума за толку опремена и сочувана кола.