Мице од Хром 077-523-127 (кажи му дека Драган од Фармахем те препорачал). 3000 денари со монтажа (ова ти е цена со попуст ради мене
)!
Инаку и јас имам проблем, мене дури и не ми дозволуваат комшиите да поставам рампа на приватен паркинг, а станарите не даваат да се приклучам со кабел кај нив да избушам 5 дупки у бекатон
Значи мој приватен паркинг (нумериран со бр. 10), со папири, со Дозвола за користење, со све.
Еден што има изградено зграда од карши, не може да ги продаде становите баш заради немањето на паркинг место и ги организира тие во куќите (ПОЦ е инаку кај нив, а се работи за дебар Маало).
Што држава ќе бевме, не сакаат пред нив да си паркираат и кај што си платиле, сакаат приватниот паркинг да го узурпираат со сила, а има и знак со табла за забрането паркирање - приватен паркинг. На тој до мене му ја искршија рампата (а нумерирани се сите паркинг места)... Незнам, ми рекоа да пријавам во Полиција дека физички ги нападнаа Мице и ортакот Славе и да најавам кога повторно ќе ја инсталирам рампата, заради полициска заштита и земање на податоци на осомничениот, како иден можен сторител (и досегашен) на кршење на рампите.
Сега намерно паркираат стари канти на мое место, ќе мора да им викнам пајак, а искрено ич не сакав да ги „одерам“ за 3000 ден, ама заслужиле :/