Ја не прочитав негде дека нашиве политичари си ги препишувале успесите на Иџе. Дај оладете малку.
Штом се тегнат врски при влез во кошаркарска, фудбалска, ракометна репрезентација, што мислите дека ќе се случува во мотоспортот ако државата почне да дава поддршка?
За големи пари правиме муабет. Како прво немаме развиени ниски категории. Како би се носеле одлуките за тоа кој треба да се поддржи финансиски?
Иџе успеал на малку повисоко ниво, го привлекува вниманието и си добива поддршка. Прво од спонзорите, а еве сега и од државата. Сам се пробил, му било многу потешко од некој кој живе во држава со 10 пати повисока просечна плата, ама тоа е. Кај нас најдобрите се пробиваат со врвот на европски ридско-брзински шампионат, во поразвиените земји се пробиваат до Формула 1.
Во капиталистичко општество живееме. Не треба државата да не спонзорира, туку треба да овозможи услови за економија во која ќе имаме плати со кои ќе можеме да си дозволиме да се занимаваме со мотоспорт и патеки, полигони, аеродроми каде што ќе се одржуваат тие натпревари.
Оние кои ќе успеат да најдат спонзорство, ќе продожат во повисоките класи. Можеби и некоја општина ќе реши да спонзорира, ако мисли дека тоа ќе и донесе добра промоција, зошто да не, но не е срамота ако не спонзорираат. Тоа е сепак бизнис одлука. Можеби и некој клуб, како нашиов ќе реши да спонзорира некој талент во кој верува.