Абре момче, мозокот јапонски ја склопи Хондата на Иџе. Прв газда мислам дека е Алеш Прек, после од него ја купи и возеше Ѓорѓи Данилов, резултати скоро па 0. Ја фати Иџе и маста и ја извади, цел балкан го дозна и им ги помати сметките на сите во N2000, а ги тепаше и посилните класи (цитат од Тетовирање: Сум млател ја и поголеми говеда од тебе).
Далеку од тоа дека не е до колата, ама треба и муж да и седне и максимално да и го искористи потенцијалот. Фала богу Иџе до сега во што седнал бутал рекорди, од југо па наваму. Маџарот со БМВ-то неможеше да му мрдне на 106чето кај Палас.
Стари тркачи од цел балкан (ветерани) му се поклонуваат, ти најде да збориш дека не вредел. Шта речи.
Инаку ја претставува Македонија, секаде го носи знамето и секогаш е поставено во боксот, иако не би требало затоа што не добива никаква поддршка од државата. Чесите имаат национални тимови и огромен буџет, па ете и нив ги тепа како сака. Да е паметна државава да го финансира, може да догура и до wtcc (како што е случајот до Боркович), а тоа не е мала работа.
На темава може да се збори до другиот месец, ама кога некој не разбира/не сака да разбере, џабе е што и да збориш.