Автор Тема: kirilsbmw e46 325i  (Прочитано 3529 пати)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
kirilsbmw e46 325i
« на: 10 Април 2014, 21:59:51 pm »
После некое време без БМВ видов не бива и си земав едно колку да иам занимација... Инаку колата е 325и М54б25 мотор има околу 193 коња и можам да кажам дека сум премногу задоволен од тоа како иде  ;D






До сега сменив сите филтри, и по пошта ми стигна едно пакетче. Искрено Се е ок со предницата ама цената за која ги добив деловиве неможев да не ги земам. Башка планирам да зеам коиловери ке биде уште подобро  :)




Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #1 на: 10 Април 2014, 22:32:27 pm »
Кој не би бил задоволен! Со здравје да си го возиш!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #2 на: 10 Април 2014, 22:38:47 pm »
Со здравје да го возиш, според мене ако земаш коиловери овај грд бандаж да го смениш.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #3 на: 10 Април 2014, 22:56:19 pm »
Коиловери и стандард 16" не идат се слагам :) ... И тоа ми е во план, сакам да земам 18", или оние што ги има на M3 CSL или овакви

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #4 на: 10 Април 2014, 23:03:48 pm »
Бенџо на место.Браво!

Делува многу сочувано,убаво освежување за разлика од 90% од увезениве кршови.Искрено ја замразев колава од што гледам дека ги има еден куп,од состојбата во која се наоѓаат и од луѓето кои ги возат,арно ама вакви примероци многу ме радуваат :)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #5 на: 14 Април 2014, 23:11:36 pm »
Да се пофалам,  ги земав бандашите директно од е46 М3 2004та година, моментално на нив имаат 225/45-18 напред и 255/40-18 позади... и морам да кажам дека преубаво изгледаат ама имам проблем позади струга, на М3 се пошироки задните венци, и сеа ке морам да одам со потесни гуми и да ја подигнам малце позади....

 слики


Отсутен ExtremeBt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1448
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #6 на: 15 Април 2014, 12:40:41 pm »
Со здравје да се возат :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #7 на: 15 Април 2014, 12:58:14 pm »
имам јас 2 гуми тојо 205/35 18ки ако ти вршат работа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #8 на: 15 Април 2014, 13:03:28 pm »
и морам да кажам дека преубаво изгледаат ама имам проблем позади струга,
Нема да одиш во Струга и готово.


Инаку браво за возилото. Тоа е она возило кое се бара и тоа со одличен мотор, погоден за експлоатација на различни начини. Ај колата и така и така добра си е. Ама МНОГУ ПОВЕЌЕ ми се допаѓаат твоите планови за колата. Драго ми е што имаш можност да ја направиш да биде како што треба. Со бандажи, коиловери па здравје боже и други исто толку битни моменти. Прекрасниот кожен ентериер си го прави своето, па уште и црна боја и надвор и внатре. Феноменално изгледа, а не се сомневам дека изгледот и дополнително ќе е поправен.

Не ти требаат прешироки гуми назад. 225 е сосема доволно.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #9 на: 15 Април 2014, 21:06:20 pm »
Фала за убавите зборови. Иако ова ми беше бекап варијанта на првиот план аплицирав да зеам е92 328xi,за жал ке морам уште некој месец да почекам за тоа, морам да кажам сум стварно задоволен со бекапот. Одлично си ја вршат работата 190те коња, и уште подобро ДСЦ-то :) ... Сите овие планови ги иам затоа што тука е смешно за колку ефтино можат да се најдат деловите па дури и за МК стандард а да не праиме за овешниот... Се додека не одиш на мајстор да ги праиш сите ствари и ги праиш сам... :)
 ...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #10 на: 15 Април 2014, 21:32:43 pm »
Браво друже, одлични планови и супер што си таму па деловите ти се ептен достапни и евтини.

Отсутен petar3

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 74
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #11 на: 16 Април 2014, 10:56:35 am »
Со среќа да се вози Баварецот, мислам дека со 17-ка бандаж би немал никаков проблем за позади, али со 18-киве изгледа доста подобро. Ако не е тајна колку си ги земал носачите? Кај мене како што гледам ќе треба да се мења бар еден во скоро време   ;)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #12 на: 16 Април 2014, 19:58:05 pm »
Целиот комплет што е на сликата го земав за 155$, на што добив 12 месеци гаранција.
Најмногу делови купувам од www.rockauto.com  само незнам дали вршат достава до МК.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #13 на: 19 Април 2014, 17:09:00 pm »
Update ...
Денес ги сменив задните федер, гарант се чудеа американциве што праи овој на паркинг пред зграда... ама некако не ми се даваа 200$ на некој за два федера задни да ми смени... Инаку процедурата е многу едноставна и тврдам дека на ниту една кола полесно не се менуваат задни федери. Буквално само отштрафуваш еден штрав со 18ка клуч од задниот амортизер со некоја дизалица притискаш надоле тоа вилјушката вадиш стар федер ставаш нов... и внимателно за 30 минути сте готови на двете страни...

Инаку предобро изгледа колата со М3 бандашите... за жал мислам дека ке мора да ги продадам или сменам... Премногу се широки задните факја на нерамнини струга ... Можеби ке треба да одам со нови пониски гуми да се чукаат полумесеци... а комбинации да праиш со 18ки гуми ич не е ефтино... па ке видам што ке биде

еве некоја слика



Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: kirilsbmw e46 325i
« Одговори #14 на: 19 Април 2014, 18:45:29 pm »
Чукај мавај сечи само не ги продавај :) Сигурно има некое лесно решение за проблемот, многу ли закачуваат?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“