Супер чим истерала толку, се погодија Daewoo на времето и ако човек колку толку ја пазел си тераат. И да ја исфарбаш пак, што мислам не се исплати, пак за некое време ќе биде за фарбање.
Тоа ќе биде САМО и САМО ако се решам да остане во фамилија од сентиментални причини. Доста спомени имам со колата, така што единствено заради то.
Тогаш ќе добие и хемиско и некои промени сакам да направам (ако најдам делови) како на пример подесување на волан по висина (бидејќи конкретно кај мене е фиксен), можда не знам освежување на сунѓерот на седиштата, онака заради подобра комоција иако здрави се седиштата.
Така некои работи ми се вртат низ глава. Во основа подобрување на фабричките решенија кои дојдоа со колава како верзија. Појаките верзи CDX тие проблеми ги имаа решено.
Ама има време за мислење.
Иначе до сеа тера религиозно со Total Quartz 7000 веќе 100 000км. Еднаш годината без разлика на километража, а еееептен мала ама сепак менуваме. За 2000 денари фул сервис со работна рака не му ја мислам ич. Филтрите сам си ги менувам или татко ми. Буквално се четири стеги и имаш нов филтер, дали кабински дали воздушен.