Абе не измислувам јас ништо, пазарот (на нови коли) си го прави своето.
Ти кажувам јас дека пред 2 години и сега не е исто, ниту за нови, ниту за половни коли.
Пред 2 години ако ја продадев колата (3,5 години стара) ќе требаше да додадам извесна сума за нова кола.
Денес по 2,5 години би земал исти пари за мојата (барем со полуозбилната понуда), но за нова би требало да додадам мин. 50% повеќе од тогаш.
Или поинаку кажано, некој купил денес кола за 20 бона, по 3 месеци ја продава за 18 рецимо. Истата кола си ја купил пред 1 година за 17 бона, и со оглед на тоа дека 3 месеци старата е 18, си формираш цена 17. Сигурно нема да ја огласиш за 14 бидејки на чело ти пишува дека си ја купил 17