Автор Тема: BMW ја патентираше електричната турбина  (Прочитано 2658 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
BMW ја патентираше електричната турбина
« на: 07 Ноември 2011, 08:47:08 am »
Се чини дека гласините што кружеа за новата генерација на М3 каде што се велеше дека моторот ќе има шест цилиндри во линија и три турбо полначи од кои едниот ќе биде електричен се вистина.



BMW во Европскиот центар за патенти го патентираше електричниот турбо полнач. Системот е составен од турбина со тело, ротор и лопатки, електромотор, батерија и серија од ламели преку кои турбината се става во погон.

Електричниот турбо полнач почнува да работи од празен од на моторот, односно од „лер” со што практично целосно се елиминира турбо дупката карактеристична за класичните мотори со турбо натполнење.

Откако ќе се достигнат одреден број на вртежи тогаш електричниот турбо полнач се исклучува и во погон влегува обичниот турбо полнач, поточно твинтурбото на BMW кое користи едно куќиште за два трубо полначи.

Во периодот кога електричниот турбо полнач нема да работи електромоторот споен преку ламели ќе се откачува од турбината и ќе игра улога на генератор и ќе ја полни батеријата.

Притоа електронската контрола на електромоторот ја чува турбината од преголем број на вртежи со што се елиминира потребата од поставување на традиционален издувен вентил wastegate.

Од BMW сеуште не истакнуваат во кои модели ќе се вградува електричниот турбо полнач, но претпоставките се дека тоа ќе биде M3. Подетални информации се очекуваат.


http://vozi.com.mk/vesti/bmw-ja-patentirashe-elektrichnata-turbina.html

---------------------------------------------------

Jas mislam 3 se premnogu.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: BMW ја патентираше електричната турбина
« Одговори #1 на: 07 Ноември 2011, 09:03:51 am »
Темава мислам дека некој ја постираше ???

Не е битно, и според мене 3 се премногу и не гледам посебна причина за електрична турбина. И онака поголемиот дел од овие возила се спаруваат со автоматски менувач кој го пренесува она што возачот го сака, не ја гледам логиката за пополнување на турбо дупка.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: BMW ја патентираше електричната турбина
« Одговори #2 на: 07 Ноември 2011, 09:06:54 am »
Темава мислам дека некој ја постираше ???

Не е битно, и според мене 3 се премногу и не гледам посебна причина за електрична турбина. И онака поголемиот дел од овие возила се спаруваат со автоматски менувач кој го пренесува она што возачот го сака, не ја гледам логиката за пополнување на турбо дупка.
Не се три, туку се 2+1, што е нормално за БМВ кои и така имаа твин турбо систем, кој сега е потпомогнат со електричен турбо систем.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: BMW ја патентираше електричната турбина
« Одговори #3 на: 07 Ноември 2011, 10:07:42 am »
Јас ја гледам поентата во електро-турбината. Малку помалку елегантно, но многу поефикасно решение од суперчарџер. Каде лежи зајакот?
Па кога ќе си крузаш и кога наеднаш ќе притиснеш недомаќински на гас, повеќе нема да постои онаа задоцнета реакција на машината, каде во прв момент килаво се наголемува брзината за потоа да прореагира турбината и моторот да повлече. Сега реакцијата ќе биде моментална, притискаш на гас и моторот веднаш повлекува исто како и кај атмосферците само во овој случај со многу поголем интензитет.

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: BMW ја патентираше електричната турбина
« Одговори #4 на: 07 Ноември 2011, 10:11:51 am »
Баш затоа и ја спомнав автоматиката. Нагазувањето на гас автоматиката го проследува со префрлање во соодветен степен на пренос за добивање поголема моќ. А „шестарциве“ на БМВ не ми се верува дека ќе одат со мануелци. И во Европа полека автоматиката си станува сериска опрема во оваа класа на возила. А автоматиката е 7 брзини, а се цели и кон повеќе. Затоа според мене негледам логика. Останива да видимие во што ќе го спарат овој мотор и кои би биле добивките. 

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: BMW ја патентираше електричната турбина
« Одговори #5 на: 07 Ноември 2011, 10:19:44 am »
Во случај со автоматски менувач и нема некој голем ќелепур од ова. Автоматскиот менувач сам по себе е доцнење - delay подеднакво како и турбо дупка. Сепак кај М3 или кој и да е спортски модел, има можност за полу-автоматско менување на брзините, па така ќе има ќар и од електро-чарџерот при возење на ниски вртежи. Наместо да губиш време за менување степен подолу, а потоа степен погоре, едноставно само ќе притиснеш на гас и го имаш добриот вртежен момент во цел опсег на вртежи. Секако дека ова нема да придонесе некои драматични разлики во квалитетот на возење, меѓутоа за да бидеш најдобар мораш да биде прв во се. Па така BMW избрзале да бидат први со ваков изум пред останатите.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: BMW ја патентираше електричната турбина
« Одговори #6 на: 07 Ноември 2011, 10:26:51 am »
Ќе видиме какво е решението, чекајте малку. Уште нема тест, или недај боже кола да повозиш... Ќе биде се со ред. А патентирање на електричен суперчарџер е одлично според мене, особено за бензници кои ќе бидат потпомогнати од суперчарџер и дури може да се направат повеќе усисни делови каде ќе се носи воздух од атмосфера директно и друг за со турбо... Одлично!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: BMW ја патентираше електричната турбина
« Одговори #7 на: 07 Ноември 2011, 20:44:43 pm »
Ќе видиме што ќе излезе на крајот....

Колку да се потсетиме Дизелот со две турбини, од кои една помала со која ќе се избегнела турбо дупката, ништо пак се осеќала..
http://www.youtube.com/watch?v=fU4f_NwAfUs

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: BMW ја патентираше електричната турбина
« Одговори #8 на: 07 Ноември 2011, 21:08:35 pm »
Би требало да биде ок, од аспект на брзината на реакцијата и тоа што компјутерот ќе си игра со неа како сака, а ќе работи само по потреба.Ќе видиме...