Материјалот е стар по повеќето предмети, ама е основа за надградување доколку во иднина почнеш да се бавиш со одредена област.
Вчера ете беше еден дечко што е координатор на производство (мислам) во McLaren, а тоа е знак дека може да успееш и во толку успешна компанија со Машински Факултет. Човекот има завршено со Ѓурков (го знаете) па прво работел во Хонда во Англија, после го земале McLaren. Сподели убаво искуство, а средината кај што работи ... ќе го цитирам "хируршки чиста" затоа што несмее ниту една прашинка да има.
