Минатата недела приметив капки масло под кола.
Па однесена на сервис. Испадна дека неколку гумици, меѓу кои и таа за филтерот за масло беа дотрајани.
Сменето се што беше за менување, па додека беше таму сменето масло со филтер, филтер за воздух и филтер за клима.
Сето тоа на 228.100км, или околу 8.700км од последна промена.
Исто така, климата/парното почна да не реагира секогаш на командите. Испадна приклучокот од модулот за клима дека беше малце подискинат, па пуштена е нова инсталација.
Друго се е супер, се вози секој ден, фала богу - добро служи.
Една слика, колку да не е без ич.
