Нека отиде во Германија на нотар, или во Македонската амбасада во Германија, таму нека даде полномошно.
Првата варијанта ти е подобра и побрза - го дава таму полномошното, го праќа по пошта (во оригинал), се преведува на овластен судски преведувач од Германски тука, се заверува преводот на нотар, и се врши продажбата.
Мора да се запази да бидат податоците на полномошникот точни, особено матичниот број, како и бројот на шасија на скутерот. Обавезно.
Понатаму - важечки лични карти или пасоши на полномошникот на продавачот, купувачот и сообраќајната од моторот. Ако нема сообраќајна - фактурата.
600 денари ќе те чини заверка на договорот за продажба, и 150 денари преводот на полномошното, за да се завери (ако е на една страница). Исто, преведувачите наплаќаат ~300-ки од страница превод.
Ако оди во амбасадата, полномошното мора да има апостил печат. Без него, нема никако да завршиш работа.
И то.