Дизел, разбирам...ама зошто беж?!
Ако ти ја носат од некаде, рачунај земаат 400 евра да ти ја донесат, плус давачките, што се некаде околу (моја претпоставка) 1000 евра, што значи тоа што го гледаш плус 1400 евра, плус тука сервис едно 200-300 евра ако е во добра состојба (потрошни материјали, масло, каиши, затегач, филтри, можеби нешто што ќе треба да се доправи), плус регистрација од околу 200-220 евра...сума сумарум...2000 евра од сумата што ја гледаш таму огласена ќе имаш спремно возилце.
Ако ја гледаш 3500 евра ќе те фати 5500 да ја возиш низ Скопје. Зборувам реално, сеа другите ќе ти кажат подобро.
Овие на сликите ми изгледаа ОК, сепак мора да се видат во живо.