Ретровизорите се модуларни, а меѓу сопствениците на Застава пости една солидарност. Ако ти фали нешто можеш да го позајмиш од првото возило кое ќе го најдеш на патот. Потоа некој друг ќе го позајми од тебе и така. Со тоа се скратуваат непотребни трошоци за материјал кој може и да се позајми. На крајот на краевите, сите Југовци не се возат одеднаш. Пола се на мајстор, четврт се паркирани, и само една четвртина се вози.

Шега на страна, Југцето е во вистински раце и одлично е сочувано. Можам да замислам како ќе изгледаше да беше BMW или Mercedes Benz.