Автор Тема: Замастена турбина  (Прочитано 4178 пати)

Отсутен ALF

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Замастена турбина
« на: 05 Март 2014, 14:07:06 pm »
Ford Fusion 1.4 TDCI, 5 години стар, 68000 километри, редовно одржуван во Ми-Да.

Имаше некоја промотивна акција во АутоМакедонија за бесплатен технички и отидов и ми рекоа дека имам замастена турбина.

Е сега, на Гугл не најдов многу работи во врска со тоа, така да ми треба совет и чаре што да правам и колку е сериозна работата.

Слика:

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Замастена турбина
« Одговори #1 на: 05 Март 2014, 14:23:31 pm »
Дијагнозава може да ти ја даде секој за безпари не морало до Ми-Да да одиш :D :D :D

И не ти кажаа од што се замастила и како да се одмасти ?

Отсутен ALF

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Замастена турбина
« Одговори #2 на: 05 Март 2014, 14:43:03 pm »
Не одев до Ми-Да за ова на тој прегледот во АвтоМакедонија ми напишале во извештајот.

Чаре?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Замастена турбина
« Одговори #3 на: 05 Март 2014, 14:46:11 pm »
Ке си ја поравиш. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Замастена турбина
« Одговори #4 на: 05 Март 2014, 14:50:38 pm »
Не сум специјалист ниту за коли ниту за турбини. Но ми изгледа неумесно некој да ти пише тоа што сам можеш да го видиш без да се наведнеш и да не ти каже од што настанува, колку е опасно и што да правиш.

Она што би било најлесно е да си го смениш дихтунгот на спојот на усисната пред велезот во усисната гранка. Дел од уљните испарувања се враќаат тука и тоа не е страшно. Зачисти го местото (не ја пери) и следи ја систуацијата.

Но сепак да си прашаш ти во сервис најарно.

Отсутен ALF

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Замастена турбина
« Одговори #5 на: 05 Март 2014, 14:55:10 pm »
Предложете некој сервис што не е Ми-Да тогаш па да појдам да видам.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Замастена турбина
« Одговори #6 на: 05 Март 2014, 14:56:53 pm »
кога ке го смени дихтунгот да ја исчисти маснотијата и да ја прати дали уште му мрси, мада мислам дека 99% ке си го реши проблемот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Замастена турбина
« Одговори #7 на: 05 Март 2014, 14:57:46 pm »
Tилефоно Мида.

Отсутен ALF

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Замастена турбина
« Одговори #8 на: 05 Март 2014, 14:59:55 pm »
Кај да барам таков дихтунг или во некој сервис го имаат? И са пара е отприлика?

Во Ми-Да знам дека ќе завршам работа, ама сигурно се најскапи па барам и некоја друга опција.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Замастена турбина
« Одговори #9 на: 05 Март 2014, 15:01:08 pm »
Отиди до Мида без да отвараат налог ќе ја видат ќе ти кажат што како за понатака...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Замастена турбина
« Одговори #10 на: 05 Март 2014, 15:01:58 pm »
Пробај во автотек нека ја погледнат, ќе ти кажат нивно мислење.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Замастена турбина
« Одговори #11 на: 05 Март 2014, 15:10:31 pm »
Нема дихтунг таму,туку гумица или O-ring.


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Замастена турбина
« Одговори #12 на: 05 Март 2014, 15:13:34 pm »
ако е дихтунгот,а така ми изгледа по сликава,строго само од мида оргинал и три пати поскап да е само оргинал

edit: ете О-прстенот

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Замастена турбина
« Одговори #13 на: 05 Март 2014, 15:17:00 pm »
Мене на камионот ми мрсеше вака,сменив само гумица и нема гајле.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Замастена турбина
« Одговори #14 на: 05 Март 2014, 15:23:57 pm »
Ко замастен црн дроб да имаш. Одиш на лекар ти велат немој да пиеш и толку :D :D :D :D