Со оглед на тоа дека се ближи сезоната малце ќе ја живнам темава. Мојот скутер во моментов е комплетно расклопен и за една до две недели треба да го средам цакум пакум комплет. Ќе се менуваат следниве делови
-сите буфер гумички
-варијатор комплет, ролни и каиш сменив пред 1500 км и се во одлична состојба така да тоа си останува
-сите лагери во диференцијалот заедно со 2та семеринга, другите лагери (на предно и задно тркало се сменети скоро и се во одлична состојба
-филтер за бензин
-филтер за воздух нов ќе ставам
-ќе вадам катализаторот и нов дихтунг за ауспух ќе се стави
-кабел за свеќица ќе се менува, свеќицата е сменета скоро ставена е иридиумска и е во одлична состојба
-комплет чистење на карбураторот
-предни плочки ќе се сменат, задните се скоро сменети и се солидни
Сега за сега тоа имам на списоков за менување слики ќе ставам вечер или утре.