Денеска го прочепкав моторот...
Го отворив карбураторот вака гледам прилично валкан беше, го очистив, го светнав како нов...
Го зедов филтерот за бензин го протресив 3/4 пати со бензин, и го издував добро, што излезе, подобро да не ви кажувам...Црнеали, кога ги буцкаш раката цела црна се прави... и него го светнав како нов,,
Сите можни цревциња (од бензин, во карбураторот што влагаа, од вакумот...) ги исчистив добро...
Ја извадив кутијата (сосе црево до карбуратор што оди) за филтерот за воздух, ја исчистив, сите сунѓерчиња ги исперив во бензин.. Излезе како нов
Филтерот за бензин го извадив, го очистив (со едно четче имам), го издував на компресор, и тој како нов е сега...
Ја извадив свеќицата (ич не беше замастена), ја зашмирглав малце со гланспапир и ја вратив...
Ги подмачкав сите осовини и такви работи..
Го очистив и од внатре (кај машината, кај штоповите), и одма светна..
...
Разликата одма е очигледна... Скутерот веќе се сеќава дека подобро прима (подобро забрзува) (поради филтрите, карбураторот ова она...)...
Филтрите пак ќе ги менам за 200км, исто како и уљето, ама сепак од занимација ги прочистив...
Е сега кажете кое уљенце (елф, мотул, кастрол...) е најдобро за скутерот (со кое најдобро ќе се понаша)...