Имам потреба од скутер, сеедно дали е 50ка за 2500 евра или 150ка за 3000+ евра.
Кинезите не ми се опција воопшто. Можда ќе траат исто многу, али мислам дека ќе се распадне кога го возам, се тресе, се крцка, нешто откажува, па ова да смениш само што си го купил дека од фабрика било катастрофа, па припази на она итн итн. Седишта им се распаѓаат и слично.
Повеќе би идел на добар половен скутер, отколку нов кинез, доколку немам пари за нов квалитетен. Оние кивеј и сличните, нешто измеѓу што се ми се веќе прифатлива опција.
Скутерот ниту планирам да го појачувам, ниту да го средувам, туку ми е превозно средство од А до Б за кое сакам што помалку да се замарам. Повеќе ќе ме кошта ако не ми запали сабајле, или ме остави некаде, или ми се откачува некоја пластика отколку да го платам 3-4 пати поскапо кога ќе го купам нов.