Другар има Honda PCX 150 со дирекно вбизгување.
Добри страни се тоа што стварно малку троши 2-2,5л, до сега немал никакви проблеми.
Моторот напред има диск со 3 клипа, позади барабан.
Од негативностите што можам да ги пренесам по неговите кажувања се:
- фабричките гуми се за менување, одма. Лизгаат ептен на дожд. Си зема од тие мишелин сити или како и да се викаа.
- му крцкаше негде пластиката, па ја среди со дуплофан.
- штитник за ветер напред обавезно, само не тој најголемиот, туку некој мал стави.
- амортизерите му беа некако мех, па ги смени, нарачуваше некаде од ибеј од малезија/индонезија пошо кај нај се изгор или ги нема. Сега му се препороди скутерот.
- мислам дека го чистеше пределот кај ламелата од ѓубре и можно е малку со фина шмиргла да го среди за помазно тргнување.