Ај и јас нешто да прашам,
Годинава скутерот Баотиан БТ49QT-12 нешто не е арен. Си знае на моменти да угуши скроз па да прими гас па пак да угуши ... многу е лошо што одеднаш губи сила и да речам од кај 50-60 паѓа на 20-30 ... Е сеа, филтерот за гориво му е сменет , имам застанато во ваква ситуација и гледам си има бензин што претпоставувам дека не е до доводот. Преносот исто не верувам дека е пошо во тој момент не е дека рикаат обртаите а тој не се движи.
Најмногу се сомневам во карбураторот т.е. мембраната. Исто така свеќица не е сменета, заедно со нешто во карбураторот (ниту пак исчистено) скоро откако е купен односно некои 26.000 км ( и после јајте лајна дека Кинезот не чинел
).
Уље е сменето на почетокот на сезоната, и пак не се реши проблемот (до душа и вака и така морав
)
Што велите вие, арно се спомневам или нешто друго е?