Здраво накратко, ако може да ми кажете како е со одржување овој тип на мотор и општо колата..? Почетник сум, и затоа се одлучив за овој модел конкретно од аспект на економичност најмногу, бидејќи слушнав дека троши 4л градска...
Фала однапред 
Не е нешто посебно скап за одржување, како секој турбо дизел иначе моторот е топ, нема што... Значи мое мислење е ако најдеш корса со 1.3 моторче, ама ако е добро моторчето фала богу да се провери и се тоа, да си го земеш... Во поглед на економичноста никој нека не те лаже за тоа 4л. градска, реално троши 5-5.5-6 литри зависи како ќе се вози, со клима или без итн. Значи лесно може да се дојде до некоја бројка од 5л./100км, што е одлично и ова моторче е одлично за низ град но и за на отворено не е којзнае колку слабо... Значи на отворено зависи од вожњата, се вади некои 3.5-4л. и овие се сигурно проверени информации затоа што лично имам возено опел корса 2008 неколку пати и просекот низ град на борд, со уклучена клима нон-стоп беше 5.6л... Така да како што кажав, овие се супер моторчиња, доста економични и јас топло би ти препорачал да си земеш корса 1.3 цдти...
