Трајноста на лед сијаличките зависи и од самото возило, односно доколку струјата е стабилна векот на траење на сијаличките ќе биде долг, додека доколку и најминимално се менува (и ретко да е тоа) векот на траење им се скратува, а поради ова страдаат најмногу на позиција и позади кај таблицата поради активното користење. Ова е константација од авто електричар, и мое лично тестирање. Истото важи и се случува кај лед светлата за домашно осветлување
а прво место е кваитетот на сијаличката. после иде работните саати. на крај е струјата. на регистрација сијалиците ги имам околу 9 месеци, а трепкаат веке 1,5-2 месеци. внатре во кабина диодите ги имам од претходната кола, а тоа значи околу 3 години и не трепка ниедна... меѓутоа тие на таблица што се веке истерале бајаги работни саати, а овие што се во кабина не светеле ни 10-тина (досега) од тоа што тие надвор светеле, со оглед на законот за возење со запалени светла....
Секако квалитетот е најбитен, за жал засега производителите на овие сијалички имаат проблем кон ова прашање. Само неколку фабрики ги изработуваат (сите статиционирани во чајна) со горе-доле ист квалитет, што кога би ги земал директно од нив квалитетот би бил најдобар. Сума сумарум, доколку ги земеш од прва, втора па и трета ,,рака,, на препродавачи би добил добар квалитет, што повеќе ,,раце,, поминале, колку и да биле добро изработени ќе изгубат на квалитет.