Не сум го проверил термостатот ама знам дека со стандардниот филтер се загрева нормално до 90 степени.
Без разлика, мора да постигне работна температура и таа да ја држи, макар и воздух од фрижидер да добива
. Ова е (веројатно) е слика од моторот, стрелката го покажува термостатот. Кога ќе ја запалиш колата остави ја во лер да работи. Кога ќе дојде температурата до кај 50-60 степени, допри го цревото што иде од термостат према хладњак. Треба да биде ладно. Ако е топло, тогаш термостатот е заглавен на отворено. По правило треба цревото да биде ладно се` додека не постигне работна температура (над 80 степени). Нормално, проверката изврши ја од сабајле, дур е ладна колата. Едноствана и сигурна проверка
Ако е до термостатот - гарант 1л помалку гориво во зима на 100км
Инаку, честа појава (да не кажам после 5 години сигурно) е заглавен термостат, среќа што не е заглавен на затворено, па да ти прегрева