Ја изгледав премиерата на филмов. Морав да кажам дека сум позитивно изненаден. Приказната е глупава, но тука немав никакви очекувања. Она што ме изненади се сцените со возење. За прв пат после 30(или 40) години, имаме вистински сцени од возење. Неколку класи над Fast and Furiоus. На моменти филмов потсеќа на играта, па името е одлично одбрано. Звукот на Ве осмиците е прекрасен (во кино), посебно на стариот масл кар на почетокот од филмот.