Автор Тема: Се продава плац со Лозје на шпалир околу 900 метри квадратни !!!  (Прочитано 4981 пати)

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Продаваме плац со Лозје на шпалир околу 900 квадрати, ретко идеме таму па да не стои така решивме да го продадеме... Лозјето се наоѓа над основното училиште во Пинтија, има земјен пат, моментално е без струја и вода, но во план е да се стави затоа што е доста близу до населените куќи... Може да се види дека лозјето е едвај стотина метри оддалечено од последните населени куќи и некои си петстотини метри од главниот пат... Еве две сателитски слики:




Цената е 40 евра по квадрат и е фиксна... За повеќе информации ќе го барате татко ми, моб. 076-480-818 Зоран...
Ќе ве замолам без непотребни коментари, ви благодарам однапред...  :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Марио брат и ти си имал лозје јас пак си викам само ние во кавадарци имаме како е ракија има ли? :)

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Марио брат и ти си имал лозје јас пак си викам само ние во кавадарци имаме како е ракија има ли? :)

Хаха, имаме и ние, па ракија не прават во последниве години, ама винце убаво излегува, во комбинација со уште неколку сорти на грозје.... Поготово оваа година, правеше чичко ми и ептен убаво испадна... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Само за форумџии, можен е мал договор околу цената... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
40..... евра...... квадрат?

На што се должи премиумот?

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
40..... евра...... квадрат?

На што се должи премиумот?

Толку се движи земјиштето таму во просек, 40 евра, како се симнуваш надоле кон главниот пат, расте цената, многу нормално... Башка не е празно земјиште туку е лозје, шпалир... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
колку е нај блиската бандера со струја и цевковод за вода? подземно има шански да се извади вода или..?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
mnogu ti e roki, cisto kako sovet, ako imate namera da go prodadete stvarno...
jas zemav lani nad bazenot vo pintija plac, nad mene e noviot vodovot i crkvata sv eremija, sega i ziveam tamu, so asfalt, struja voda i kanalizacija, komunalijata ja kacija lani, eden mesec pred da podnesam dokumenti od 20 na 40 evra kvadrat, ti nemas nisto od navedenoto, a sega i kolega i prijatel zemaa 980m2 po pola vo moja blizina za 24evra kvadrat so tampon pat i treba da vlecat cefki za da se priklucat 100-tina metri do asfaltiraniot pat... cisto za sporedba da si napravis za cenata i se, i tuka kaj mene se letaa so 40-ki ali taka im stojat, se prodadoa tie so realni ceni...pozz

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
колку е нај блиската бандера со струја и цевковод за вода? подземно има шански да се извади вода или..?


 Онак најблиската бандера е на околу 100-ина метри, а за цевковод  незнам до каде има точно... За подземно многу тешко затоа што е на поголема надморска височина... Се потпишуваше некоја петиција за да се постави вода, струја , канализација ама незнам што е како е сега...

mnogu ti e roki, cisto kako sovet, ako imate namera da go prodadete stvarno...
jas zemav lani nad bazenot vo pintija plac, nad mene e noviot vodovot i crkvata sv eremija, sega i ziveam tamu, so asfalt, struja voda i kanalizacija, komunalijata ja kacija lani, eden mesec pred da podnesam dokumenti od 20 na 40 evra kvadrat, ti nemas nisto od navedenoto, a sega i kolega i prijatel zemaa 980m2 po pola vo moja blizina za 24evra kvadrat so tampon pat i treba da vlecat cefki za da se priklucat 100-tina metri do asfaltiraniot pat... cisto za sporedba da si napravis za cenata i se, i tuka kaj mene se letaa so 40-ki ali taka im stojat, se prodadoa tie so realni ceni...pozz

Фала на советот нуме, што е до мене знам дека е малце височка цената, ама татко ми и чичко ми мислат дека е реална цената и јас пробав да се умешам да им укажам, ама џабе... Е сега, ова ние што го продаваме е една половина, а другата половина беше на дедо ми, ама ја продаде по 27 евра од квадрат и тоа експресно брзо затоа што му беше хитно... Јас ќе им укажам пак, ама инаетџии се, па ќе видиме... :)
« Последно менување: 12 Март 2015, 09:34:59 am Mario_306 »
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
ке ви стои... тешко за таа цена... затоа и прашав за вода и струја. ако нема опција за вода да се донесе, воопшто не се карактеризира како плац туку како нива... а за нива цената е драдтично подоле
 тоа што има лозје на него е ситница... дури и ако некој реши да гради, тоа ке биде проблем.. дополнителни пари за чистење на истото..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
дури и ако некој реши да гради, тоа ке биде проблем.. дополнителни пари за чистење на истото..

Офф топик:
Лозјето е едно од најтешките нешта да се исчисти, особено ако е некое старо. Има корења на 2-3 метри длабочина и кај и да е, од некаде ќе излезе некоја лозница дури и да го исчистиш.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
ке ви стои... тешко за таа цена... затоа и прашав за вода и струја. ако нема опција за вода да се донесе, воопшто не се карактеризира како плац туку како нива... а за нива цената е драдтично подоле
 тоа што има лозје на него е ситница... дури и ако некој реши да гради, тоа ке биде проблем.. дополнителни пари за чистење на истото..

Па би требал да може, затоа што човекот што ја зема едната половина од дедо ми, ќе почне да гради, сега, а башка погоре од нашето лозје почнало да се гради некој објект, така да мислам дека луѓево не би граделе ако не може да се донесе струја и вода... Ќе го прашам чичко ми, да не има нешто ново, па ќе пишам, затоа што само он иде натаму...

дури и ако некој реши да гради, тоа ке биде проблем.. дополнителни пари за чистење на истото..

Офф топик:
Лозјето е едно од најтешките нешта да се исчисти, особено ако е некое старо. Има корења на 2-3 метри длабочина и кај и да е, од некаде ќе излезе некоја лозница дури и да го исчистиш.

Да, да ептен е гадно за чистење, а иначе од прадедо ми го има садено така да прилично старо е... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Се извинувам за дабл пост. Најнова информација, значи водовод има на 20-ина метри од плацот, а струја има на 100-ина метри мислам... Почнале да се купуваат голем број плацови на таа локација и сигурно ќе се донесе струја до таму, ама кога и како не се знае...
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Водовод имаш кај долните куќи, напонот тој дел е многу низок, канализација тој дел кај куќите нема со јами се, пат никаков.

Реално кажано дедо ти лапнал солидна сума за тоа што се нуди.
Реална цена за сега би рекол мах. 10е, за 10-20години кога ќе се прошири натака може да ја земеш таа цена.

Од аптеката нагоре накај манастирот 50-100м од десно новата улица со нови куќи се продаваше 50е м2 со сите нишани.