Баш те чекав да искоментираш, и знаев дека ова ќе го пишеш,но знам едно нешто, дека сите вие што го мислите тоа, а не сте реставрирале кола не знаете како е, и не ме споредувајте со Дарио во работењето и во процесот на реставрација.
Како прво - тоа што го збориш ти чистење делови фарбање и тргање на страна неможе тек така да се направи, тоа значи дека треба прво да го оспособам т.е. зацврстам патосот со внатрешните прагови, па после тоа за да можам да го ставам на држачи, и после тоа да вадам трап, дискови, осовини и даље, па после тоа да го ичистам до лим, и да почнам со крпење.
Како второ - тоа што испадна да не го почнам и летово, секако дека си имаше причина, за која многу од вас не ја знаете, и не треба да коментирате околу тоа дека ја "знаете"....Но, ако не сакав да го правам немаше да го земам, но ете, така испадна да неможам да го почнам, испаѓаат некои непотребни работи кои ме попречуваат за да го почнам, мислите мене ми е лесно, како се нервирам и корнам живци дека го немам сеуште почнато, финансии, време, многу многу работи за кои не ми се збори...