Автор Тема: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо  (Прочитано 18047 пати)

Отсутен Ichisima

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 169
  • Ербап
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #60 на: 23 Ноември 2014, 23:20:48 pm »
Моментално возиме трет Ford Focus Mk1. Првиот 1.4, не се ни сеќавам на него се возеше помалку од еден месец. После неколку години и неколку сменети марки дојде ред на 1.8 TDCI. Фејслифт модел со "130.000". На почеток беше добар, барем еден месец. По тој месец благодарение на вештите "мајстори" дојде до цркнување на турбината и продавање на колата. Третиот е пак бензинец. 1.6 Zetec, купен со 19.000 километри, неувезен, од прв газда. По една година колата има скоро 50.000 километри. До сега сум презадоволен од бензинецот, никакви дефекти и дополнителни трошоци освен менување на уље на секои 8000 км. Потрошувачката зависи од стилот на возење, доколку возиш паметно (што ретко се случува) во град за 100 км ќе потрошиш некои 7 литри.

Отсутен Kaiser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #61 на: 02 Февруари 2015, 22:57:01 pm »
Имам Focus mk2 (2006) sedan, 1.4.
Прв сопственик сум , нормално- колата ми е купена во салон (МИДА).
Генерално гледано, не можам лош суд да дадам за колата.
По мое мислење има неколку недостатоци , но повторувам генерално плусевите се поголеми од  минусите кај ова возило.

Веројатно единствена покрупна забелешка, е дека овој мотор (1.4) е преслаб за ова возило.
Потрошувачката е прилично висока за оваа класа, повторно како причина го наведувам слабиот мотор.
Од оваа дистанца, мислам дека направив грешка при изборот на моторот. За отприлика 700-800 евра повеќе (толку мислам дека беше разликата пред 8 години) требаше да земам  мотор 1.6.
Нејсе,на отворен пат е сосема ОК, возните својства се добро познати, пријатното чувство при возењето е еден голем плус за колата + и не сум некој љубител на (пре)големи брзини , посебно кога децата се позади.


Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #62 на: 18 Јули 2022, 16:48:01 pm »
Не одете во сервис Флојд,тешка превара е.
Еве како газдата Аце ми го има мнотирано лично полен филтерот.
Згужван,скинат на едно место...катастрофа

Цела година јас и мојата фамилија сме дишеле прашина поради него.

Се љути кога му висиш над глава а ако не му висиш прв момент ќе те заебе.

Не оставајте коли на поверење и секогаш гледајте што ви менуваат.




Sent from my RMX2002 using Tapatalk
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #63 на: 18 Јули 2022, 16:52:20 pm »
Тешко е сам да се смени?

За 300-400ден колку и да кошта сам си купувам каков сакам филтер и сам си менувам во двор.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #64 на: 18 Јули 2022, 17:17:09 pm »
Лесно се менува,два штрафа.

Ама ај кога мења уље,филтри...нека смени се.

Sent from my RMX2002 using Tapatalk

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #65 на: 18 Јули 2022, 21:19:00 pm »
Очигледно бил нервозен или филтеров го изнервирал за вака да го монтира :)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #66 на: 19 Јули 2022, 11:04:50 am »
Очигледно бил нервозен или филтеров го изнервирал за вака да го монтира :)
Не го брани

Бил нервозен??? Да не можеш да монтираш исправно еден филтер за полен....тоа кажува дека е аматер

Ако бил нервозен што не ми дал нов филтер поклон?



форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #67 на: 19 Јули 2022, 21:00:41 pm »
За сите што имаат фиести а планираат да си го сменат полен филтерот.
Мора да го ослободат кабелчето,и мора да ги извадат трите штрафа од пластиката.свртени се со главите надоле.со тоа се добива 5мм толку колку што треба да не го деформирате филтерот.без ова да го направите ќе го свиткате/деформирате или оштетите филтерот

Sent from my RMX2002 using Tapatalk

форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #68 на: 19 Јули 2022, 21:10:18 pm »
Не е тешко за местење, откако ќе се извади пластиката има доволно место.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #69 на: 20 Јули 2022, 19:59:25 pm »
Очигледно бил нервозен или филтеров го изнервирал за вака да го монтира :)
Не го брани

Немам никаква намера да бранам некого, самата слика ме асоцираше на некој нервозен мајстор ;)

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ford Focus (Mk1 - Mk3) - Општо
« Одговори #70 на: 21 Јули 2022, 07:04:13 am »
Aко го сменеше кај него пак, немаше да знајш, се ќе беше во ред.  ;D