Автор Тема: Идни олдтајмери  (Прочитано 2514 пати)

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Идни олдтајмери
« на: 12 Февруари 2014, 11:57:55 am »
Се размислував пред некој ден, колку од нашиве секојдневни коли ќе дочекаат да станат олдтајмери, кои од нив ќе бидат најпопуларни и најмногу ќе држат цена, кои ќе бидат најбарани, за кои ќе се моли да се најде примерок повеќе...?? Просто кажано: кои денешни возила ќе бидат ХИТ и по својата 35та година...? Кои линии на изглед ќе се оценуваат за класика тогаш? Но и од нив нема да бидат сите исти... мотор, ниво на опрема кое ќе биде најпосакувано...? Со која кола вие би се возеле и по 20 години?

Јас имам една мала листа што мислам дека ќе бидат хит...


Fiat Bravo 1.6 16V

Пошто сме веќе презаситени од кичерај на оваа кола, моја проценка е дека за добро одржано Браво во Сток состојба ќе се плаќа добра пара. Уште па ко има оригинални бандаши на него. Секако, малку потешко ќе се најдува пошто скоро сите примероци се во лоша состојба и со едно 2-3 фарби на него...


Opel Vectra B 1.7TD isuzu
За оваа коле ќе се плаќа добра пара ако е очувана, а ќе вреди и во билокаква состојба. Моторот е екстра издржлив е ненормално економичен. Малку е тромав, но се покрива со турбото. Очекувам најдобро да се држи хеч моделот, па седан веднаш по него, а далеку под нив караванот. Освен овај мотор мислам дека нај-хит ќе биде 2.0 бензинецот. Економичен е, а стрешно силен. Проценка моја е дека ќе се бара со што повеќе опрема пошто сите додатоци се фино изработени и квалитетни, така да не ќе се плашат купувачите од повеќе електроника во неа.
Можда успех ќе постигне и постарата Вектра со 1.7ТД, но никогаш колку оваа.


Mercedes Benz C200/C220 CDI
Нема што да се зборува, колава е приказна за себе.Иако одржувањето ќе биде скапо, колава ќе држи цена и позиција. 2.0 и 2.2 се силни и економични мотори, однадвор изгледа елегантно и гламурозно, нема потреба од китење и убава е во секаква фарба.
Проблем ќе бидат деловите кога ќе подостари и тешко ќе се наоѓа лимарија. Тоа е мојата проценка..


VW Sharan 1.9TDI
Колава ќе добие место под заработената титула како некогашен верен превозник. Најмногу ќе го држат ефтините и достапни делови, убавиот мотор, големината. Целната група која ќе го бара и чува овај модел е сведена на некои ретки заљубени и многу многу работници, земјоделци и сл. кои ќе го користат до последно (како до пред скоро што беше со Т2 о Т3)


Од друга страна, коли кои сметам дека никогаш нема да достигнат успех во поодминати години се Пасатите B4 (ќе има подобри и подокажани од нив, а и сите веќе се испокршени), Форд Ескорд (мислам дека луѓево го возат бидеќи се приморани. По мое не е лоша кола, ама според мнозинството треба да се истреби) Тико и Матиз ( причина - таксито... се е објаснето)...

Ставете некој пример... има уште многу.. онака колку да си напраиме една претстава за тоа колку објективно сме процениле... :D
« Последно менување: 12 Февруари 2014, 13:08:11 pm zeroSignal »
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: ИДНИ ОЛДТАЈМЕРИ
« Одговори #1 на: 12 Февруари 2014, 11:59:37 am »

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #2 на: 12 Февруари 2014, 14:00:34 pm »
еве нешто од мене т.е според мене што ми дојдоа одма на ум
Алфа 155

Пежо 405 Mi16

Пежо 205 GTI

Рено 5 GT Turbo

Фиат Чинквеченто

Фиат Типо Седицивалволе

Цитроен AX GTI

Хонда Цивих Купе 1993

Мерцедес 124 Купе

Голфцваген Венто


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #3 на: 12 Февруари 2014, 15:32:15 pm »
сега на колите се прави мнооогу поголема километража него ли пред 30-40 години,па затоа ќе биде уште потешко да се најде солиден примерок а и не е тоа тоа,кога од сите набројани се имаат произведено еден куп примероци

иначе би се согласил со пецони за поголемиот дел од колите

и би ги додал интегра и бмв е36 купе

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #4 на: 12 Февруари 2014, 19:12:38 pm »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #5 на: 12 Февруари 2014, 20:05:21 pm »
Еве од мене неколку:

Avantime:



Fiat Stilo Michael Schumaher edition:



Alfa Romeo 159Ti 3.2jts или 1.8tbi



Alfa Romeo Brera 3.2jts или 1.8tbi



Lancia Thesis:





Секако тука се GTA моделите на Alfa 156/157, GTV 3.2 итн, ама ќе кажете претерувам :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #6 на: 12 Февруари 2014, 20:12:02 pm »
кај ја најде 159,тоа уште за ново се рачуна :D

а со авантиме ќе биде т'нко повеќе накај мултипа влече :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #7 на: 12 Февруари 2014, 20:31:17 pm »
па збориме за сегашни аута во иднина што ќе бидат олдтајмери, а не за у топилница ;)
Avantime-от го избрав затоа што е премногу уникатен, не дека е убав. И сега се бара ко` лебац првата мултипла од колекционери - да не заборавиме :) Башка, релативно малку примероци има, па ќе биде редок примерок.

Според мене, за да биде вреден олдтајмер, треба да биде ретка ѕверка и одлично сочувана. Не може обично гранде пунто, или 147 јтд со основна опрема да бидео олдтајмер вреден за споемнување. Ќе се најде некој што ќе биде сочуван, ама вредноста нема да му биде голема.

Уствари, сите аута што ги кажав се релативно ретки или во случај на стило-то ограничена серија.

А да, и сите Abarth варијатни на FIAT ќе улетаат у „олдтајмери“ кога ќе им дојде време ;)




 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг:
« Одговори #8 на: 12 Февруари 2014, 20:39:41 pm »
Dizeli malce potesko deka ke bidat barani posle 20god. Mozebi onie golemite.
 A mojata lista bi bila nadopolnuvanje na taa na simo,ama od tel.sum pa zatoa pokasno malce.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #9 на: 12 Февруари 2014, 20:46:34 pm »
Алфа и олдтајмер, ма не ме јеби.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #10 на: 12 Февруари 2014, 20:51:25 pm »
Ах бе миле бе милеее  :D :D :D Sparkич ќе биде - гарант :D Ама Tiko ќе биде повреден олдтајмер ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #11 на: 12 Февруари 2014, 21:42:10 pm »
Олдтајмер не, ама куќичка за куче (пекинезер или пинч или како на Дејвокер оној глушецон, шо марка беше заборавив) или кокошарник може ќе биде

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Идни олдтајмери
« Одговори #12 на: 12 Февруари 2014, 22:41:52 pm »
Renault Clio 3.0 v6