Автор Тема: Fiat Stilo 1.4 16v 2006  (Прочитано 3291 пати)

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« на: 23 Ноември 2013, 09:23:22 am »
Dobro utro decki :). Aj ako moze za kolava edno info onaka ... ja vozev malku i epten ja bendisav na izgled, brzina i prilicno beshe stegnata. Ne e uvezena i tipot mi ja dava za 2800 evra. Ako moze onaka edno hint-che za nea onaka ima li nekoj vozeno ili kupuvano ... cenata na odrzuvanjeto. Otpriliika znam deka ima dobra potrosuvacka no sepak dizelite pak idat plus 500 evra od start da ja kupis ... sepak fala odnapred ... btw nemam sliki od nea i ne e na oglas za da ja prikazam  :(

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #1 на: 23 Ноември 2013, 09:38:02 am »
Одржувањето е лесно и релативно ефтино. Моторот е доверлив и без поголеми познати маани.  Внимавај на потрошувачката на масло, знае да си „испие“ некое децилитарче. Јас користам Selenia K или KPE (двете се 5w-40), и сервис праев еднаш годишно, а сега пошто не возам ни 3-4000км годишно со стилото, на две години. Собира околу 2.5л уље, така да не е некој трошок сервисот.
Сет ребраст клинест и затегачи се околу 150-тина евра од квалитетен бренд, вилушки долни се поскапи, ако земеш TRW или оригинални, Свеќици се околу 40-50-тина евра, оригинални (NGK), и треба да траат 80.000км (мада јас на доста пократко ги менувам), На отприлика 100-тина илјади сменив амортизери, но тука малку и спортските спирали влијаеа кај мене. Сменив и буфери на заден трап, оригинални фиат, тие се малку Pain in the ass за менување, ми кажаа дека некаде на џон кенеди имало некои кои ги менувале брзо и едноставно за ефтини пари, ама немам никаква прецизна информација. Дискови и плочки - зависи. Квалитетни дискови 100-тина евра, квалитетни плочки 50-60е за предните тркала. За задните - сразмерно помалку :)

Имаш кај мене во гаража доста информаци, а и што те интересира слободно прашај, јас од 2004 година се „дружам“ со Стило 1.4 и ги знам претежно сите можни „ситуации“ со колата.
Најголем пејн ин ди ес е промена на сијалички во фар, ама ако користиш квалитетни и долготрајни сијалички, не е проблем еднаш годишно да се напупиш и огребеш раце до лакти ;D

Потрошувачката јас кога го возев не надминуваше 9л, сега жена ми кога го вози, и тоа на кратки релации, не надминува 8.2-8.3л
На автопат сега на почетокот на месецов до солун кога бев, просечната потрошувачка ми изнесуваше околу 6.5л во обата правци. Со 3000 денари отидов до солун и се вратив назад, плус некое километро низ скопјево и солунон. Сосема прифатливо. Ова дури и може малку да се редуцира со пазење, ама нема потреба мислам :) За 30 денари на 100км да се цицијашиш и да се праиш пензионер на автопат - не иде :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #2 на: 23 Ноември 2013, 10:14:48 am »
Haha dobro go objasni :). Fala za pomosta ... znaci nema da zazalam ako ja kupam .. mislam deka dosta eftino mi ja dava za 2800 evra od dekemvri 2006 godina proizvodstvo :).

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #3 на: 23 Ноември 2013, 10:54:16 am »
Нема да зажалиш ако убаво си ја провериш, така да обавезно носи ја на дијагностика да се провери се како функционира ABS, AIR BAG, грешки дали има итн...

Нормално ова е за секоја кола не само за таа што си ја гледал.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #4 на: 23 Ноември 2013, 11:01:53 am »
Haha dobro go objasni :). Fala za pomosta ... znaci nema da zazalam ako ja kupam .. mislam deka dosta eftino mi ja dava za 2800 evra od dekemvri 2006 godina proizvodstvo :).

Многу ефтино ти ја дава. Јас мојата од Октомври 2004 немам намера да помислам да ја дадам за 3800, а не па 2800. Како и да е, за било која консултација ти стојам на располагање.
Моја препорака, однеси ја во АутоСК, ќе платиш некоја паричка, ама ќе ти кажат воглавно се` поготово ако има траги на несмасно работење од мајстори и фушерај. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #5 на: 23 Ноември 2013, 11:17:36 am »
Убаво авто а и цена добра, малце ниска па или му се брза или никој не ја сака. Обавезно во овластен.

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #6 на: 23 Ноември 2013, 11:26:04 am »
Taman si e :) .. ama deka prijatel pa zatoa moze i eftino :). Sepak ke ja odnesam na majstor odnosno vo AutoSK i normalno ke proverime se sho ima da se proveri na nea :). sepak na vozenjeto beshe epten uzivancija :)...btw ako ja zemam obavezno stavam sliki da ja dzirnete :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #7 на: 23 Ноември 2013, 11:34:11 am »
Одлично количе, тек ако бапнеш спирали -2(3)0 и добар амортизер - ух!

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #8 на: 24 Ноември 2013, 23:21:02 pm »
Simo a toa autosk sho cena ke naplatat za testiranje na stiloto da ne znaes slucajno... Pobarav na net no nemaat web sajt...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #9 на: 24 Ноември 2013, 23:27:06 pm »
javi se po telefon i prasaj si.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #10 на: 24 Ноември 2013, 23:28:48 pm »
Мислам дека околу 1000-1500 беше.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #11 на: 24 Ноември 2013, 23:29:01 pm »
Simo a toa autosk sho cena ke naplatat za testiranje na stiloto da ne znaes slucajno... Pobarav na net no nemaat web sajt...
Сајтот им е www.fiat.com.mk. За цена најдобро побарај на http://fiat.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=58 овој телефон и адреса, Христијан се вика раководителот на сервис, прашај го и договори се кога да ја прегледаат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MaNDiL

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 356
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #12 на: 24 Ноември 2013, 23:30:30 pm »
Гледав едно Стило пред пола година велешко виолетово со тој мотор. Ако е тоа бегај подалеку, ниедна линија не лежи, мавано е јако. А таков беше муабетот неувезувано дрн дрн
You can sleep in your car, but you can't race your house.

Отсутен Maisonpiere

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 91
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #13 на: 25 Ноември 2013, 00:08:23 am »
Фала дечки за брзите одговори ... ке го побарам Христијан и да се договорам со него за да ја прегледаме колата :). Инаку Мандил не е велешкото ... мислам на кумановски таблици е последната година дена и газдата го знам лично и знам дека си ја вози колата онака од мерак, така да не би требало да има некакви поголеми проблеми :)

Отсутен аллександар

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
Одг: Fiat Stilo 1.4 16v 2006
« Одговори #14 на: 11 Февруари 2014, 23:51:01 pm »
Момци - ми треба навигација за стило 2001 / 2002 година фабричката што си ја има на него. кај да барам вакво нешто и што пари би ме коштало од прилика???