Се размислував пред некој ден, колку од нашиве секојдневни коли ќе дочекаат да станат олдтајмери, кои од нив ќе бидат најпопуларни и најмногу ќе држат цена, кои ќе бидат најбарани, за кои ќе се моли да се најде примерок повеќе...?? Просто кажано: кои денешни возила ќе бидат ХИТ и по својата 35та година...? Кои линии на изглед ќе се оценуваат за класика тогаш? Но и од нив нема да бидат сите исти... мотор, ниво на опрема кое ќе биде најпосакувано...? Со која кола вие би се возеле и по 20 години?
Јас имам една мала листа што мислам дека ќе бидат хит...
Fiat Bravo 1.6 16V Пошто сме веќе презаситени од кичерај на оваа кола, моја проценка е дека за добро одржано Браво во Сток состојба ќе се плаќа добра пара. Уште па ко има оригинални бандаши на него. Секако, малку потешко ќе се најдува пошто скоро сите примероци се во лоша состојба и со едно 2-3 фарби на него...
Opel Vectra B 1.7TD isuzu
За оваа коле ќе се плаќа добра пара ако е очувана, а ќе вреди и во билокаква состојба. Моторот е екстра издржлив е ненормално економичен. Малку е тромав, но се покрива со турбото. Очекувам најдобро да се држи хеч моделот, па седан веднаш по него, а далеку под нив караванот. Освен овај мотор мислам дека нај-хит ќе биде 2.0 бензинецот. Економичен е, а стрешно силен. Проценка моја е дека ќе се бара со што повеќе опрема пошто сите додатоци се фино изработени и квалитетни, така да не ќе се плашат купувачите од повеќе електроника во неа.
Можда успех ќе постигне и постарата Вектра со 1.7ТД, но никогаш колку оваа.
Mercedes Benz C200/C220 CDI
Нема што да се зборува, колава е приказна за себе.Иако одржувањето ќе биде скапо, колава ќе држи цена и позиција. 2.0 и 2.2 се силни и економични мотори, однадвор изгледа елегантно и гламурозно, нема потреба од китење и убава е во секаква фарба.
Проблем ќе бидат деловите кога ќе подостари и тешко ќе се наоѓа лимарија. Тоа е мојата проценка..
VW Sharan 1.9TDI
Колава ќе добие место под заработената титула како некогашен верен превозник. Најмногу ќе го држат ефтините и достапни делови, убавиот мотор, големината. Целната група која ќе го бара и чува овај модел е сведена на некои ретки заљубени и многу многу работници, земјоделци и сл. кои ќе го користат до последно (како до пред скоро што беше со Т2 о Т3)
Од друга страна, коли кои сметам дека никогаш нема да достигнат успех во поодминати години се
Пасатите B4 (ќе има подобри и подокажани од нив, а и сите веќе се испокршени),
Форд Ескорд (мислам дека луѓево го возат бидеќи се приморани. По мое не е лоша кола, ама според мнозинството треба да се истреби)
Тико и Матиз ( причина - таксито... се е објаснето)...
Ставете некој пример... има уште многу.. онака колку да си напраиме една претстава за тоа колку објективно сме процениле...